Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Најдоброто од Мајкл Овен

Златното момче на Англија ќе оди во пензија. По 17 години кариера, безброј награди и титули и 40 голови за Англија, Мајкл Овен најави дека ќе се повлече на крајот од сезоната. Ова се неговите најдобри голови.

Мурињо со отворени карти за игрите на ФИФА

Португалската телевизија РТП вечерва ќе емитува интервју со предводникот на Кралевите Жозе Мурињо кој упатува скандалозни обвинувања на адресата на ФИФА. Тој тврди дека наградите за најдобар играч и тренер се наместени.

Папата и Ди Стефано израснале во исто маало

Новиот Поглавар на Римокатоличката црква, Папата Франциск и легедарниот напаѓач на Реал Мадрид живееле во близина, оделе во исто училиште, а најверојатно заедно играле и фудбал.

Политичарите нема повеќе да одат гага на стадион

Италијанскиот олимписки комитет донесе историски чин и од сега како и за сите навивачи, така и за парламентарците ќе важи истото правило. За сите спортски настани кои се одвиваат на територијата на Италија тие ќе мора да си набават влезница.

Сквош мајсторија

Експертите тврдат дека сквошот е најздрав спорт, но не само што е здрав, тоа е и интересен спорт. Англичанецот Џејмс Вилстроп е махерот кој со неговиот потег е најзаслужен за првото споменување на сквошот на нашиот сајт.

Пораз заради тренерот-крадец

Тренерот на францускиот кошаркарски клуб Руен е најзаслужен за поразот на неговата екипа од Булоњ. При резултат 84:84 во последните секунди од натпреварот, тренерот Лорен Скиара се обиде да му ја украде топката на противничкиот кошаркар и заработи техничка грешка.

Поранешна НБА ѕвезда работи на пешачки

Членот на НБА куќата на славните и еден од најдобрите стрелци во историјата на лигата, Едриан Дентли си најде нова работа. Тој сега работи како офицер за безбедно поминување на пешачки премин во близина на училиште.

Пачовски: Би ја скршил ногата за доброто на тимот

Нашиот репрезентативен голман кој веќе четири години настапува во белгиското првенство, своите совети и анализи за квалификацискиот дуел Македонија-Белгија ги раскажува за ФИФА. Според него Белгија е најсилната селекција во групата, но и една од најдобрите во Европа.

Хокеј пак made in China

Ете што се случува кога Швајцарци ќе играат хокеј со пак купен од кинеска продавница. Голот на Фрибург против Бил не беше признат затоа што целиот пак не ја мина гол линијата.

Едгар Давидс спасувал навивачи

Легендарниот холандски фудбалер кој во моментов е тренер на англискиот третолигаш Барнет, им наредил на фудбалерите да се симнат од клупскиот автобус и собрал 36 навивачи чиј автобус се расипал на враќање од гостување.

Леброн го уништи Тери

Мајами Хит ги победија Бостон Селтикс и веќе 23 натпревари не знаат за пораз, а потегот на вечерта му припадна на Леброн Џејмс и неговото монструозно забивање преку Џејсон Тери. За реакцијата по цепелинот Леброн доби и техничка, но вредеше!

Барселона остана со четворица фудбалери

Повикот на играчи на селекторите за квалификациските натпревари во рамките за Светското првенство 2014 во Бразил го испразни Каталонскиот состав. Помошникот на Виланова, Жорди Роура во следните неколку дена на располагање ќе има само четворица играчи.

Неоткриениот талент од Саутемптон

Младиот француски фудбалер од средниот ред на Саутемптон, Морган Шнеидерлин не е звучно име во фудбалот, но според талентот кој го поседува како и учинокот кој го остварува на натпреварите во Премиер лигата, слободно може да го споредиме со еден Виера или Макелеле кои царуваа на таа позиција.

Празник за очи на Грифин

Најатрактивниот момент на синоќешните напревари од НБА лигата без конкуренција е ремек делото на кошаркарот на Клиперси, Блејк Грифин на мечот против Њујорк Никс.

Светскиот фудбалски патник

Запознајте го Луц Фаненштил, голманот кој лежел во затвор додека играл во Сингапур, бил прогласен за мртов на терен во Англија, играл за 25 клубови во 13 земји и е единствен фудбалер кој има настапено во сите 6 конфедерации на ФИФА.

Судијата е купен!

Контроверзниот претседател на Чеченија, Рамзан Кадиров кој воедно е и прв човек на Фудбалскиот клуб Терек Грозни, незадоволен од исклучувањето на еден од домашните фудбалери на натпреварот против Рубин, му го зема микрофонот на официјалниот спикер и на му се обрати на судијата.

Дијамантот на Кројф

Фудбалскиот гениј и човекот кој ја започна доминацијата на Барселона во 90-те години, Јохан Кројф се обидува да го објаснува неговиот стил на дијамант формацијата.

Интернационалците во форма пред Белгија

Членовите на фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе го имаат првиот собир пред квалификациските натпревари, откако изминатата недела завршија со обврските кон нивните клубови. Белгија нека се пази, Македонците се во добра форма.

Пандев конечно се врати со погодок

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го прекина најдолгиот досегашен пост без постигнал гол во својата кариера. Со погодокот против Аталанта во 81 минута, Наполитанците го задржаа второто место на табелата во Серија А, со 9 бода негатива зад Јувентус.

Раиконен најбрз на отворањето на сезоната

Новата сезона во Формула 1 шампионатот започна со триумф на Кими Раиконен кој ја однесе победата на патеката Алберт Парк во Австралија пред Алонсо и Фетел.

МЗТ го доби спектаклот против Партизан

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија во 25-то коло од АБА лигата го совлада најтрофејниот српски клуб. МЗТ Скопје во неизвесна завршница триумфираше против Партизан во спектаклот пред 7.000 гледачи со 66:64.

Бизарна повреда од мастика за џвакање

Го имаме главниот конкурент за признанието „најбизарна повреда на годината". Бејзбол играчот Мајкл Тејлор си го пресекол малото прсте фрлајќи мастика.

Голови на неделата

Погледнете го изборот од најдобрите 10 погодоци од изминатата недела помеѓу кои се и мајсториите на Азар, Траоре, Кабај и Олиќ.