
Не дека му требаат пари, туку за да има некоја занимација и вработување кое ќе му ги покрива трошоците за здравствено осигурување, Едриан Дентли решил да си најде работа.
Поранешниот кошаркар кој 8 години работеше како асистент, а во 2010-та година на кратко беше и прв тренер на Денвер Нагетс, не можел да најде добра понуда во неговата струка, па сега се грижи за безбедноста на еден пешачки премин во близината на основно училиште во Монтгомери.
Дентли одигра 15 сезони во НБА лигата, а за овој период постигна 23.177 поени и се наоѓа на 25-та позиција на вечната листа на најдобри стрелци во лигата.
Најдобриот стрелец од 1981 и 1984 има златен медал со САД од Олимписки игри во Мотреал, а неговиот дрес со број 4 е повлечен од екипата на Јута Џез.