Мурињо во интервјуто за португалската ТВ куќа изјавува дека оваа година на доделувањето на наградите во Цирих не се појавил поради револт. Тој тврди дека гласовите биле заменувани, затоа што откако оние кои ќе му се јават да му соопштат дека гласот ќе му до дадат нему, потоа на списокот нивниот глас стои кај друг тренер.
Контроверзниот стратег веќе неколку пати јавно зборуваше дека изборот на ФИФА за најдобар играч е однапред договорена работа, а таквите тврдења ги изнесе во јавноста и оваа година кога рече дека Лионел Меси со сигурност ќе ја освои Златната топка.
Според него кога фудбалските моќници ќе ја почнат кампањата за најдобар играч во која се фаворизира Лионел Меси, ништо не може да го спречи тоа.
„Ако наградата Златна топка му ја доделувате на оној играч кој е најдобар, тоа значи дека оди во рацете на Меси или Роналдо. Но јас се прашувам доколку и двајцата се на исто ниво, тогаш дали е нормално едниот да ја освојува четири пари, а друиот само еднаш", рече Мурињо.
На 7 јануари оваа година во Цирих, Лионел Меси ја освои четвртата по ред награда за најдобар играч на светот, а на втората позиција заврши неговиот ривал Кристијано Роналдо. Со второ место се закити и Жозе Мурињо кој доби 14 проценти помалку гласови од Висенте Дел Боске, во конкуренција за најдобар тренер во 2012 година.
ФИФА веќе има одговорено на ваквите обвинувања и ги исклучува сите можности за евентуална нерегуларност.