Раиконен најбрз на отворањето на сезоната

Новата сезона во Формула 1 шампионатот започна со триумф на Кими Раиконен кој ја однесе победата на патеката Алберт Парк во Австралија пред Алонсо и Фетел.

Возачот на Лотус, Кими Раиконен е победник на Гран При трката во Австралија на првата трка од 2013-та и најави неизвесна сезона.

Заради обилните врнежи во Мелбурн, квалификациите беа возени само шест часа пред почетокот на главната трка, а Раиконен кој беше шампион во 2007-та година, стартуваше како 7-ми.

До својата 20-та победа во кариерата Раиконен стигна благодарение на тактиката со 2 влегувања во боксот, а на пиедесталот се искачија и други поранешни шампиони. Во текот на трката неколку возачи се менуваа во водство, а Раиконен ја презеде првата позиција во 43-от круг и успеа да ја задржи до крајот.

На втората позиција со 12 секунди заостанување заврши Алонсо, а Фетел заостана 22 секунди.

Формула 1 шампионатот продолжува следната недела со трката на патеката Сепанг во Малезија.

Резултати:
1. Кими Раиконен (Лотус) - 1:30:03,225 ч
2. Фернандо Алонсо (Ферари) - 12,451 секунди заостанување
3. Себастијан Фетел (Ред Бул) - 22,346
4. Фелипе Маса (Ферари) - 33,577
5. Луис Хамилтон (Мерцедес) - 45,561
6. Марк Вебер (Ред Бул) - 46,800
...

Генерален пласман:
1. Раиконен - 25 поени
2. Алонсо - 18
3. Фетел - 15
4. Маса - 12
5. Хамилтон - 10
6. Вебер - 8
7. Сутил - 6
8. Ди Реста - 4
9. Батон - 2
10. Грожан - 1

Пласман на конструктори:
1. Ферари - 30 поени
2. Лотус - 26
3. Ред Бул - 23
4. Мерцедес - 10
5. Форс Индија - 10
6. Мекларен - 2

17 март 2013 - 10:00