Горан Пандев немаше постигнато гол за Наполи од 7 октомври минатата година кога составот на Мацари го совлада Удинезе со 2:1, а со денешниот гол за победа од 3:2 тој го реши мечот против Аталанта која на два пати го израмнуваше резултат.
Останатите два гола беа дело на Кавани, а при вториот погодок Пандев беше асистент. Нашиот напаѓач беше еден од најзаслужните што Наполи конечно ја прекина лошата серија без победа во домашното првенство од 2 февруари и со тоа успеа да ја задржи втората позиција на табелата со само два бода зад Милан.
Му посакуваме многу среќа и на дуелот против Белгија во рамките на квалификациите за Светското првенство 2014 кој се игра на 22 февруари наредниот петок на стадионот „Филип Втори“ во Скопје.