Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Лазаров во најдобриот тим на колото

Капитенот на македонската ракометна репрезентација кој викендов "ја искина" мрежата на Металург, заслужено е избран во идеалниот состав на колото.

Кога тренерите ќе полудат

Освен фудбалерите на теренот и тренерите на клупите се под огромен притисок, а и тие се само луѓе и знаат понекогаш да „одлепат". Емоции, бес, радост, агресија...

Црвените ѓаволи ја обединија Белгија и освоија Европа

Белгија е федерална монархија поделена на два поголеми региони со три официјални јазици, а заради поделеноста и несогласувањата државата немаше влада 541 ден. Но овие разединети групи ги обедини фудбалската репрезентација која ги натера сепаратистите да бидат горди Белгијци.

Антиќ солиден во поразот на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа вториот пораз на третиот претсезонски натпревар, а Перо Антиќ имаше учинок од шест поени.

ПСЖ се провлече во скопскиот пекол

Актуелниот шампион на Македонија беше на чекор до нова сензација во „Борис Трајковски“. Ракометарите на Вардар испуштија напад за победа и им дозволија на ѕвездите од ПСЖ да си заминат од скопскиот пекол со бод.

20 години Крањ, 9 години Андора

Денешниот датум во историјата на македонскиот фудбал е запишан со златни, но и со црни букви. На овој ден пред 20 години репрезентацијата го одигра првиот натпревар од независноста, а на истиот датум во 2004-та година ја прославивме Андора со нивната прва победа во историјата.

Ни на исток ништо ново

Формула 1 шампионатот веќе стана многу здодевен. На 15-та трка оваа сезона на патеката Сузука во Јапонија, актуелниот шампион Себастијан Фетел ја извојува 9-та победа.

Трета среќа за МЗТ

По двата порази од минатата сезона, МЗТ Скопје предводен од Тодор Гечевски ја забележа првата победа над црногорскиот шампион Будуќност во третото коло од Јадранската лига.

Металург прегазен во Барселона

Македонскиот ракометен вице-шампион го забележа првиот пораз во Лигата на шампиони. Барселона предводена од Кире Лазаров го декласираше Металург со 35:17.

Победничките ножички на Мексико

Репрезентацијата на Мексико дојде до важни три бода против Панама во борбата за пласман на Светското првенство благодарение на прекрасниот гол со ножички на Раул Хименез на пет минути до крајот на натпреварот.

Уште четири репрезентации се пакуваат за Бразил

Репрезентациите на Германија, Белгија, Швајцарија и Колумбија изборија пласман на Светското првенство во Бразил, а Босна и Херцеговина, Русија, Англија, Шпанија, Чиле и Еквадор во вторник ќе ја имаат судбината во свои раце.

Македонија падна на дното

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Кардиф против десеткуваниот Велс и падна на последната позиција во групата А од квалификациите за Светското првенство.

Најлошиот ракометен пенал

Кутриот Александер Семиков од Запорожје на натпреварот против Веспрем го изведе убедливо најлошиот пенал во историјата на ракометот.

Дефиниција за моќно забивање

Во минатото сме прикажале повеќе моќни забивања, но Роско Џонсон од Харлем Визардс ја подигна границата. Забивање повеќе не се дефинира како монструозно забивање ако целиот кош не го направиш лом.

Тикет на колото

Националните првенства паузираат, но денес ќе се одиграат голем број на интернационални натпревари од кои е составен нашиот предлог тикет.

Голчиште од мртов агол

Поранешниот член на Интер, Лук Кастањос постигна хет-трик за младинската репрезентација на Холандија при победата од 0:6 на гостувањето во Грузија, а првиот погодок беше ремек-дело од невозможна позиција.

Уште 22 визи за учество на СП 2014

Домаќинот Бразил, европските сили Италија и Холандија, азиските претставници Јапонија, Иран и Јужна Кореја, потоа Австралија, САД, Коста Рика и Аргентина се досегашните 10 сигурни патници на Светското првенство наредната година. Еве кои може да ги заверат билетите утревечер.

Англиско првенство без Англичани

Премиер лигата важи за една од најсилните лиги во светот каде се вртат најголемите пари во фудбалот, но тоа не е случај и со англиската репрезентација која нема никакви големи успеси и која е далеку од квалитетот на домашата лига на островот.

Пачовски нека се пази од тинејџерот на Ливерпул

Има само 16 години и веќе го споредуваат со Герет Бејл. Талентираниот фудбалер на Ливерпул, Хари Вилсон кој настапува за селекцијата на Велс за играчи до 17 години доби повик од селекторот Крис Колман за утрешниот квалификацискиот дуел против Македонија.

Реднап купувал фудбалери плашејќи ги со булдози

Англискиот тренер Хари Реднап ја издаде својата автобиографија која е полна со интересни приказни од неговата богата кариера, а меѓу друго тој раскажува и за тоа како ги искористил своите кучиња за да потпише со фудбалер.

Како тренираат Шпанците

Интересна снимка од тренингот на младинската репрезентација на Шпанија пред денешниот натпревар со Босна и Херцеговина. 17 фудбалери против 3 голмани, а последниот збор го имаше Алваро Мората од Реал Мадрид.

Кам бекот на Ленокс Луис чини 100 милиони долари

Поранешниот светски шампион во бокс и на постари години би се вратил во рингот, но има две барања, 100 милиони плус Кличко.

Хокеј магија

Новата сезона во НХЛ започна минатата недела, а веќе го имаме кандидатот за гол на годината. Тој е дело на 19-годишниот чешки хокеар Томаш Хертл од Сан Хозе Шаркс кој на натпреварот против Њујорк Ренџерс постигна четири гола.