Тренерот на КПР кој во минатото ги предводеше Вест Хем, Саутемптон, Портсмут и Тотенхем, а беше близу и до клупата на репрезентацијата на Англија, имал многу интересна кариера. Тоа може да се заклучи од приказните во неговата автобиографија која ја објави пред неколку денови.
Помеѓу другото, тој раскажува и за неколку трансфери на фудбалери, а најинтересна е за начинот на кој што го добил потписот на Амди Фаје.
Сенегалецот во 2003-та година пристигнал во Англија на преговори со Портсмут и пред да потпише за тимот на Реднап тој ненадејно решил да замине за Франција од каде што добил друга понуда.
Реднап дознал дека Фаје сака да си замине и веднаш се упатил кон аеродромот каде успеал да го пронајде и да го убеди фудбалерот да преспие кај него дома и уште еднаш да размисли.
„Го одведов во мојата куќа и тој слушна како лаат кучињата. „Кучиња! Јас не сакам кучиња", рече тој и се смрзна од страв."
„Тоа не се кучиња Амди. Тоа се булдози. Тие се поопасни од кучиња. Ако пробаш да избегаш, тие ќе ти ги одгризат мадињата", пишува Реднап во автобиографијата.
Амди Фаје преноќил на горниот спрат, а Реднап го убедил дека кучињата ќе бидат доле во текот на ноќта за да не може да избега.
Следниот ден преплашениот репрезентативец на Сенегал го прифатил понудениот договор и потпишал со Портсмут.