Кам бекот на Ленокс Луис чини 100 милиони долари

Поранешниот светски шампион во бокс и на постари години би се вратил во рингот, но има две барања, 100 милиони плус Кличко.

Британскиот боксер кој беше светски шампион во тешка категорија не му пречи да влезе во рингот и на 48 години и тоа против помладиот брат Владимир Кличко. Но за да го видиме овој дуел тој ја бара најголемата сума на пари која до сега не ја заработил ниту еден боксер од еден меч.

„На времето изјавив дека може да ме натерате да ги соблечам пижамите и да станам од кревет за борба за сума од 50 милиони долари, но сега јас сум пензиониран и за враќање во рингот мојата цена е 100 милиони долари", изјави Луис.

Тој успеа да го победи Витали Кличко пред точно 10 години кој сега е влезен во политички води, а овој пат би сакал да ги вкрсти ракавиците со помладиот Кличко кој има 37 години. Ленокс Луис изјави дека за тоа му се потребни шест месечни подготовки кои би ги спровел во Русија.

10 октомври 2013 - 13:05