Последниот најголем и единствен успех на селекцијата на Англија е освојувањето на Мундијалот во 1966 година и толку. До сега не успеала да стане европски првак каде најголемото достигнување им е полуфиналето.
Дел од причините за слабите резултати на оваа земја од каде потекнува фудбалот може да се бараат во нивното првенство кое е едно од најквалитетните благодарение најмногу на најдобрите странски фудбалски имиња кои играат таму.
За разлика од сезоната 2007/2008 кога 35,25% од вкупните минути ги одиграле англиски фудбалери, таа бројка минатата сезона паднала на 31,8%. Тоа значи дека ниту една третина од минутите не ги одиграле домашни играчи.
Во Премиер лигата која изобилува со странци, по Англичаните има најмногу Французи кои одиграле 8% од минутите, потоа Шпанци со 6,18%, а потоа следуваат холандските, шкотските, велшките, ирските, белгијските и аргентинските фудбалери.
Ако споредиме со останатите најсилните европски лиги, таму очигледен е процентот на многу повеќе домашни играчи на кои се потпираат италијанското, германското, француското и шпанското првенство.
Во Серија А за разлика од сезоната 2007/2008 кога дури 65% од вкупните минути биле одиграни од Италијанци, минатата сезона тој процент изнесувал 45,4. Во Бундес лигата точно половина од минутите ги пополните домаќините, каде има зголемување од 7% за разлика од пред 5 години.
Потоа следува Лига 1 каде процентот на француските играчи е 51,1% и на крај е Премиера Дивизион каде клубовите најмногу сметаат на домашните играчи. Скоро 59,4 % од минутите се дело на Шпанци.