Белгија со победата на гостувањето кај Хрватска со 1:2 за прв пат по 2002-та година, како првопласирана во нашата квалификациска група А избори пласман на Мундијалот во Бразил.
По 16-ти пад по ред на Светското првенство ќе ја гледаме Германија која ја победи Ирска со 3:0, како и Швајцарија која се квалификуваше со победата на гостувањето во Албанија.
За прв пат по Светското првенство во 1998-та година, на најелитното натпреварување ќе ја гледаме и Колумбија која синоќа губеше од Чиле со 0:3, но на крајот стигна до 3:3 и потробниот бод за пласман на Мундијалот.
До сега вкупно 14 репрезентации се квалификуваа на Светското првенство: домаќинот Бразил, Јапонија, Австралија, Иран, Јужна Кореја, Италија, Холандија, Белгија, Швајцарија Германија, САД, Коста Рика, Аргентина и Колумбија.
Во вторник ќе се одиграат последните натпревари од европските квалификации на кои најблиску до првите позиции во своите групи се Русија, Босна и Херцеговина, Англија и Шпанија кои ќе се квалификуваат со победи на нивните натпревари.
Чиле и Еквадор ќе се квалификуваат доколку одиграат нерешено на нивниот меѓусебен дуел.