Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Засекогаш Гигс

Великанот на Манчестер Јунајтед кој пред неколку дена ја заокружи 40-та и нема абер да оди во пензија сосема заслужено го величиме. Но овој навивач не сака само да го гледа како игра и да чита за неговите рекорди, туку решил да го носи на грб цел живот.

Пеколно тешка група со Италија, Англија и Уругвај

Во бразилската држава Бахија, во градот Kошта де Сауипе конечно се случи долго очекуваната ждрепка на групите за спортскиот настан број еден во 2014 година кој е закажан во Бразил за шест месеци.

Волеј голчиште

Фудбалерите на Сампдорија синоќа ја елиминираа екипата на Верона во Купот на Италија со триумф од 4:1, но тоа што ние сакаме да го издвоиме е единствениот гол на гостите во режија на Самуеле Лонго. 

Ултрасите на Рома и Лацио во војна преку најпознатата еврејка

Првиот човек на УЕФА Мишел Платини често пати ги повторува строгите казни во борбата против расизмот, но тоа не важи за спротивставенитe навивачки групи од Рим кои го користат познатиот случај со Ана Франк за меѓусебни расистички пораки.

Купи го Ферарито на Роналдо

Ферарито возено од Кристијано Роналдо сега може да биде и твое за само 50.000 евра. Има еден проблем. Колата е малку чукната.

Типстер махери во форма

Ова се десетте типстери кои се наоѓаат во најдобра форма во изминатите десет дена, односно махерите кои остварија најголем профит во периодот од 25 ноември до 5 декември:

Клишеата за Светското првенство во Бразил

На точно 187 денови до почетокот на Светското фудбалско првенство ќе се одржи извлекувањето на групите, па откако ќе бидат познати сите детали, ќе почнеме да ги читаме истите приказни кои се вртат пред секое првенство.

Како се справија Буфон и Балотели со зомби

Двајцата италијански фудбалери ќе бидат наградени за најпопуларни личности на социјалните мрежи, но за време на снимањето на промотивното видео беа непријатно изненадени.

Не е сееднo

По сценариото на една позната реклама од соседството, навивач на Левски залута на трибината на ЦСКА и истата ја напушти натепан и соблечен до гола кожа.

Бразил фаворит пред да се знаат групите

Денеска во 17 часот по наше време во бразилскиот град Баија ќе се одржи извлекувањето на групите за Светското фудбалско првенство, а кладилниците и без да ги знаат групите сметаат дека домаќините се најголеми фаворити за освојување на титулата.

НБА играчот кој никогаш не настапил трезен e зад решетки

Искрениот Кеон Кларк кој настапувал за четири НБА екипи и признал дека секогаш пред да го фати баскетот прво се фаќал за чашката, ќе оди во затвор. Обвиненијата не му се поради алкохол, туку поради трговија со дрога и оружје.

Рекордни пет црвени картони за пцуење

Италијански нисколигаш тврди дека фудбалерите не употребиле грди зборови кон судијата, но сепак на крај поради неговиот скандалозен чин службено го загубиле мечот.

Обезбедувањето на Мундијалот во Бразил ќе чини 600 милиони евра

Домаќинот на најголемиот светски фудбалски собир во наредните шест месеци до стартот на првенството има полни раце работи. Доцни со изградбата на стадионите, но исто време ја прави и скапата и модерна стратегија за безбедноста на милионите посетители.

Посрамотување од 5 метри

Уругваецот Сантјаго Силва го направи потегот кој стана најсериозен кандидат за утка на 2013-та. Тој на финалето од Копа Судамерикана помеѓу Ланус и Понте Прета успеа да промаши од 5,4 метри.

Платини бара исклучување наместо жолт картон

Претседателот на европската куќа на фудбалот (УЕФА), Мишел Платини побара укинување на жолтите картони и нивно заменување со исклучување на играчите на 10 или 15 минути.

Најдобрите фудбалски проектили

Во фудбалот постојат два вида на напаѓачи: оние кои додаваат и дриблаат за да дојдат со топката до голот и оние кои ќе „распалат" од прва кога ќе им се укаже шанса. Следните десет припаѓаат на втората категорија.

Бензинското дерби за Лукоил

Комплетирано е осмото коло од Бизнис лигата на Македонија.

Атланта им се врати на победите

По двата порази, кошаркарите на Атланта Хокс ја започнаа серијата од четири натпревари на домашен терен со победа над ЛА Клиперс.

Роналдовци во акција

Споредбите помеѓу Меси и Роналдо веќе станаа досадни. Овој пат ги имаме двајцата волшебници со топка кои го носат едно од најславните презимиња во фудбалот. Шест минути празник за очи, односно класично кршење на кичми.

Деби пораз за Зоран Мартич

МЗТ Скопје се бореше за втор триумф во осмото коло од Еврокупот, но поквалитетниот турски претставник повторно ја оправда фаворитската улога против македонскиот шампион со убедливи 68:86 каде на клупата дебитираше новото тренерско име од Словенија.

Реформите во Бундес лигата донесоа ефикасност и резултати

Приоритет во германскиот фудбал се навивачите кои целосно ги заштитуваат и им ги продаваат најевтините карти во однос на најсилните европски лиги, додека за иднината на фудбалот работат со инвестиции од 100 милиони евра годишно само за младинските категории.

Најгласните навивачи на светот предизвикаа земјотрес

Навивачите на американскиот НФЛ тим Сиетл Сихокс не само што го срушија светскиот рекорд и станаа најбучни навивачи, туку и со своето навивање предизвикаа мал земјотрес на стадионот.

Вака ќе ја распродадеме и арена Филип II

Стадионите за време на натпреварите од македонското фудбалско првенство се празни не само затоа што фудбалот ни е тапа, туку и затоа што на никого до сега не му текнало да ја спроведе стратегијата за привлекување навивачи на рускиот хокеј тим Металург Магнитогорск.