Фудбалерите на Милан во моментов се наоѓаат на 12 позиција во Серија А и доколку на 9 кола до крајот не успеат да се изборат за пласман на едно од двете клупски европски натпреварувања, од наредната сезона ќе земаат 20% помала плата.
По нерешениот резултат против Лацио, Кака изјави дека не сака да зборува на таа тема се до крајот на сезоната, но потпретседателот Адријано Галијани рече дека тоа е одлука на клубот и нема потреба од дополнителни објаснувања ниту по завршувањето на сезоната.
Милан се наоѓа на 22 бода зад третото место кое води во Лигата на шампионите, а со лошите резултати тешко е за верување дека ќе стигне и до 5 позиција за место во Лига Европа кое им бега 11 бодови.
Росонерите последен пат славеа против Сампдорија на 23 февруари, а следната пресметка во италијанскиот шампионат им е на гости против Фиорентина.