По израмнетото прво полувреме, на кошаркарите на Феникс Санс им тргна шутот во вториот дел и направија пресврт за победа со конечни 95:102.
Перо Антиќ одигра 25 и пол минути за кои постигна 5 поени (1/2 за 2п и 1/4 за 3п), а оствари и 8 скока и по 2 асистенции и украдени топки.
На овој натпревар тој реализираше само една тројка од четири обиди што и не е така лошо за центар, но на последните четири натпревари тој од зад линијата за три поени има скор од 3 погодени од 18 обиди. На три од овие натпревари Атланта загуби, а кога победуваше на претходните два натпревари тој шутираше 6 од 15 за три поени.
Ерик Бледсо од Феникс со 20 поени беше најефикасен на натпреварот, а кај Атланта се истакнаа Керол и Милсеп со по 19 поени.
Атланта е на осмата и последна позиција од источната конференција која води во плеј-оф со 31 победа и 38 порази. Зад нив е Њујорк со скор 29-41.
Во четврток во 1 часот по наше време Атланта гостува кај Минесота.
Резултати:
Атланта - Феникс 95:102
Шарлот - Хјустон 89:100
Мајами - Портланд 93:91
Чикаго - Индијана 89:77
Мемфис - Минесота 109:92
Њу Орлеанс - Бруклин 109:104
Оклахома - Денвер 117:96
Сан Антонио - Филаделфија 113:91
Јута - Детроит 94:114
ЛА Клиперс - Милвоки 106:98