Уште еднаш кладилничарите ги победија кладилниците. Барем на еден ден.
13 е несреќен број за многумина, но не и за кладилничарите кои викендов во Велика Британија на своите тикети ги имаа сите фаворити и најчесто типувани натпревари од англиската и шкотската Премиер лига.
Добро знаеме дека Бритнаците се кладат на сè и сешто, но најмногу на фудбал и тоа на нивните домашни лиги кои најдобро ги познаваат. И токму затоа викендов имаа среќа и тоа многу.
Според некои проценки, кладилниците во Британија само во саботата изгубиле 20 милиони фунти.
Кладилничарите на своите тикети најчесто ги имале овие 13 натпревари:
Челси - Арсенал коефициент 1,85
Кардиф - Ливерпул 1,4
Евертон - Свонси 1,75
Хал Сити - ВБА 2,3
Манчестер Сити - Фулам 1,15
Њукасл - Кристал Палас 2,05
Норич - Сандерленд 2,4
Вест Хем - Манчестер Јунајтед 1,85
Абердин - Килмарнок 1,6
Селтик - Сент Мирен 1,18
Инвернес - Партик 2,25
Мадервел - Рос Каунти 1,95
Сент Џонстон - Хиберниан 2,25
Тикет со сите 13 најчесто типувани натпревари носи коефициент од преку 2.000.
Кладилниците малку се "рехабилитирале" во неделата кога не двата најтипувани натпревари тој ден не излегоа како што се надеваа британските кладилничари. Во неделата загубија Астон Вила загуби на домашен терен од Стоук, а Реал Мадрид беше поразен од Барселона.
И натпреварувачите на Типстер поминаа одлично во саботата. Од најтипуваните единствено не излезе 3+ на Вест Хем - Манчестер Јунајтед.
Неделата пак, не беше најдобра за типувачите. Најмногу од нив паднаа на Реал Мадрид против Барселона, Вардар против Шкендија и Баер Леверкузен против Хофенхајм.