Црниот појас во таеквондо клучен за успехот на Ибра

Златан Ибрахимовиќ ги постигна сите четири голови при победата од 4:2 над Англија, а последниот гол можеби ќе влезе во историјата на фудбалот како најдобриот гол на сите времиња. Но како успева огромниот Швеѓанец да биде толку подвижен?

Босанецот Шефик и Хрватицата Јурка емигрирале во Шведска во 1977-та година. Четири години подоцна тие добиваат син на кого му го даваат името Златан.

Малиот Златан започнал да тренира фудбал на шест години во локалниот фудбалски клуб Балкан оформен од иселеници од овие простори.

На 15 години заради финансиски проблеми Златан сакал да се откаже од фудбал и за започне да работи на пристаништето во Малме, но неговиот тренер го убедил да продолжи да тренира.

Неколку години подоцна тој се отпишал од средното училиште за да може да посвети повеќе време на фудбалот, но и на неговата втора љубов од детството - таеквондо.

На 17 години Златан Ибрахимовиќ веќе имал црн појас во таеквондо, а дека добро ја владее оваа вештина може да се примети и на фудбалските терени каде често ја практикува.

Минатата недела тој доби црвен картон и суспензија од два натпревари заради мајагери ударот врз противничкиот голман, а често на мета се и неговите соиграчи.

Но примената на таеквондо во повеќе случаи се покажа и како клуч за успехот на Ибрахимовиќ. Така беше и на натпреварот против Англија.

15 ноември 2012 - 14:12