БЛ 14-то коло (прв ден)

Eurolink без доволно сили за пресврт

Стартуваа возбудувањата од 14-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

Eurolink без доволно сили за пресврт
ЈСП 5-4 (3-1) Eurolink
ЈСП: Тони Спасовски 7', 10', 36', Дејан Блажевски 12', Ивица Арсенов 21'
Eurolink: Јовче Зузаровски 3', Игор Ристевски 26', Александар Илиевски 39', Јорданчо Димиџиевски 40'
Првото полувреме во целост и припадна на екипата на ЈСП. Играше доста офанзивно, не давајќи и на екипата на Eurolink да влезе во ритам. Полувремето заврши со 3-1. И на почетокот на второто полувреме продолжија со ист ритам се до средината на полувремето кога Eurolink ги консолидираше своите редови и со неколку гола се врати во натпреварот. Но, тоа не помогна целосно да се врати во натпреварот, па го загуби истиот со 5-4.

Гранит и Глобко Логистик ги поделија бодовите
Гранит 6-6 (2-4) Глобко Логистик
Гранит: Пепи Мицев 13', 38', Кире Атанасовски 19', Дарко Стојановски 22', 37', Благоја Тагасовски 35'
Глобко Логистик: Иван Стојановски 2', 19', Александар Божинов 3', 20', Игор Димитровски 31', Денис Џајков 34'
Доста тензично прво полувреме со неколку исклучувања и на двете страни. Евидентна беше нервозата и кај двете екипи. Во оваа тензична ситуација подобро се снајде екипата на Глобко Логистик која на полувремето замина со водство од 2-4. Во второто полувреме и двете екипи внесоа во своите редови голман-играч. Екипата на Гранит се врати во натпреварот, иако Глобко Логистик имаше предност од 2 гола на 2' пред крајот на натпреварот, Гранит успеа да изедначи и ги подели бодовите на овој натпревар.

Лукоил со одлично второ полувреме до победа над One
One 2-5 (0-1) Лукоил
One: Дарко Таневски 26', 40'
Лукоил: Игор Дамјаноски 4', 28', Дејан Зиков 24', Љупчо Апостоловски 28', Васко Стефанов 40'
Во првото полувреме се играше доста отворен фудбал со многу удари кон двата гола, но и покрај тоа што екипите беа настојчиви да дадат гол, главната улога ја играа двата голмани кои имаа своја вечер и се покажаа во одлично светло. Иако беше даден само еден гол, голманот на Лукоил одлично ги затвори сите удари кон голот и се истакна. Во второто полувреме екипата на Лукоил заигра во свој стил, имаше доста цврста одбрана која им овозможуваше да дојдат до лесни голови преку контранапади за победа на овој напревар од 2-5.

24 март 2014 - 22:56