БЛ 14-то коло (втор ден)

Montenegro проработе во вистински час против ЕВН

Одиграни се уште три интересни натпревари од 14-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

Montenegro проработе во вистински час против ЕВН
Montenegro 3-1 (1-1) ЕВН
Montenegro: Љубиша Јовановски 10', Ивица Јанковски 22', 35'
ЕВН: Патрик Караѓуле 18'
Екипите на Montenegro и ЕВН прикажаа одличен фудбал кој изобилуваше со борбеност и желба за победа на двете страни. Мора да се истакне дека и на двете страни беше оставено срцето на терен, но екипата на Montenegro се чинеше како во целата ситуација да има поладна глава и малку поголема концентрација да поентира во клучните моменти, кои ја донесоа до победа од 3-1.

UNIQA со одбрана до победа над ЕЛЕМ
UNIQA 3-2 (3-1) ЕЛЕМ
UNIQA: Арбен Нухиу 6', Влатко Деспотовски 15', Ибиш Мисини 20'
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 19', Димче Димитријески 28'
Иако евидентен беше недостатокот на реервни играчи во екипата на UNIQA, со чести замени успеваа да го контролираат првото полувреме, не дозволувајќи и на екипата на ЕЛЕМ да ја анулира предноста која ја имаше, па така UNIQA со два гола предност замина на полувремето. На самиот старт од второто полувреме ЕЛЕМ постигна погодок и наговести неизвесен натпревар. Но, екипата на UNIQA успеа со цврста одбрана да го сочува резултатот кој го обезбеди во провото полувреме за победа на овој натпревар од 3-2.

Македонски Телеком во фер плеј натпревар го победи Dominos Pizza
Dominos Pizza 1-5 (0-1) Македонски Телеком
Dominos Pizza: Влатко Ангеловски 38'
Македонски Телеком: Душко Симоновски 4', Агрон Пацоли 22', Влатко Манев 27', 32', Влатко Причков 35'
Dominos Pizza и Македонски Телеком одиграа натпревар кој го красеше фер-плејот достоен на нивото на Бизнис Лига. Се играше чист фудбал и на двете страни со извонредно атрактивни потези, во кои екипата на Македонски Телеком беше поснаодлива, не дозволи изненадувања за победа на овој натпревар од 1-5.

25 март 2014 - 22:31