„Кралевите“ не можеа да се помират со поразот од најголемиот конкурент за титулата во Примера и бесот по натпреварот го истурија врз судиите за кои изјавија дека биле 12 играч на Барселона.
„Можеби сакаа да ја вратат Барса во игра за титулата. Не барам оправдувања, но судијата не беше на висина на задачата. Ако Барса изгубеше денес, тогаш ќе беа надвор од игра. По пет години тука, разбирам како одат работите. Реал Мадрид никогаш немал помош од судии. Но без разлика на се, ние ќе ја освоиме лигата", изјави Кристијано Роналдо.
„Секогаш е исто. Не го допрев Нејмар. Но нема поента да зборувам, затоа што ништо нема да се промени. Сите можат да видат што се случи денес. Има некои работи против кои не можеме да се бориме", изјави Рамос.
Судискиот комитет при Шпанската фудбалска федерација поднесе жалба до дисциплинската комисија која ќе треба да направи истрага за двете изјави на членовите на Реал Мадрид, по што ќе биде познато дали ќе следуваат санкции.