Навивачи ќе го финансираат најомразениот ривал

Двајца навивачи на Келн ќе му платат 100.000 евра на ривалот Баер Леверкузен заради скршен нос на фудбалер од пред две години.

Навивачите на Келн, 22-годишниот Давид и 26-годишниот Ремигиј во 2012-та година пред дискотека го нападнаа и брутално претепаа фудбалерот Михал Кадлец кој во тоа време играше за најголемиот ривал Баер Леверкузен.

Репрезентативецот на Чешка заработи скршен нос, а двајцата навивачи се извлекоа со условни казни. Но вистинската казна тие ја добија минатата недела.

Заради скршениот нос, Кадлец не можеше да игра шест недели, па Баер Леверкузен ги тужеше навивачите и од нив бараше компензација за пропуштените натпревари.

Минатата недела судот од Келн донесе пресуда според која двајцата навивачи на најголемиот ривал треба да му платат отштета од 100.000 евра!

24 март 2014 - 15:18