Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Киксерска фудбалска ноќ

Кларенс Сидорф се соочи со елиминација во италијанскиот куп од Удинезе на домашен терен, исто како и ПСЖ од Монпеље, а Дејвид Мојс не го издржа двобојот против последнопласнираниот Сандерленд во Лига Купот. Само Барселона им го обели образот на гигантите минатата ноќ во куп натпреварите.

Антиќ извонреден против Орландо Меџик

Уште една блескава партија на Перо Антиќ во НБА лигата, овој пат со прв дабл-дабл учинок во победата над „Магичните“ за која практично беше најзаслужен во финишот на мечот со четири поени во низа.

Проблемите мора да се решат, па и со смена на генерации

Отсуството на лидерот на Металург се покажа како голем хендикеп за Македонија која заврши на 10 место на ЕП во Данска. Неговата рехабилитација се одвива во Хрватска од каде за офф.нет разочарано ги коментираше турбуленциите во нашиот национален тим.

Македонија со најубедливиот пораз го завршува европското

Ракометната селекција на Македонија очекувано тешко се носеше во дуелот против светскиот првак Шпанија, кој влезе со многу поголеми мотиви на овој натпревар и кој го потопи нашиот национален тим со 33.22.

Нова мајсторија со ножички

Фудбалерите на Ница го елиминираа Олимпик Марсеј во францускиот куп, а потегот на мечот во голеадата од 5:4 за гостиснкиот тим, ја имаа домаќините со голот на Андре Пјер Жињак

Најважното од волшебникот кој ќе одбележи 400 настапи за Барселона

Четирикратниот освојувач на „Златната топка" вечерва против Леванте ќе заокружи јубилејна бројка на настапи за кои постигна неверојатни 331 гол. Човекот роден за рушење рекорди зад себе остави многу блескави настапи кои ќе останат во богата историја на „Каталонците".

Кога игра Палермо чуда се случуваат

Гледачов или е со некој помал здраствен проблем па може малку да потстане или мами за да не плати карта. Ако сакате верувајте и во нешто трето.

Серија А е најтешка за опстанок на тренерите

Газдите на италијанските клубови имаат помалку трпение за разлика од Премиер лигата и шпанската Примера. Оваа сезона тие отпуштија девет тренери, од кои три минатата недела, а првенствата се стигнати само до средина.

Палестинско еврејски судир во Чиле

Двете вечно завојувани страни не најдоа заеднички јазик ниту во фудбалот во Јужна Америка каде едните добија казна поради новиот дизајн на дресовите.

Жонглирање кое ќе сакате да го видите

Фиорела Кастиљо е 24 годишен модел од Аргентина, а кога ќе се качи на штикла верувајте дека е подобра од Меси и Марадона.

Анти фер плеј

Младинските фудбалери на Сирија имаат уште многу да учат. И покрај тоа што при претходен прекин првичната намера им беше да му ја вратат топката на голманот, тие го совладаа и се избламираа. Тоа не смени многу во резултатот затоа што Кореја победи со 2:1.

Премиер лигата со најмногу странци, Серија А со најстари играчи

Според најновото истражување на Интернационалниот центар за спортски студии од Швајцарија, во Европа е зебележан нов рекорд од 36,8% странски фудбалери кои настапуваа во националните првенства.

Измама од слободен удар

Иако се работи за младинци од англискиот третолигаш Лејтон Ориент, стратегијата за да ја надмудрат целата противничка одбрана им е добро извежбана на тренинг. Сето тоа го сторија брзо и многу умешно за само 6 секунди.

Антиќ постави личен рекорд во триумфот против Мајами

Нашиот единствен претставник во најсилната кошаркарска лига во светот постигна 17 поени против актуелниот шампион во НБА лигата кој синоќа беше поразен од Хокси со 121:114.

Македонија повторно со наведнати глави

Лошата традиција против Исланд продолжува. Македонската ракометна репрезентација го забележа и третиот пораз на Европското ракометно првенство во Данска, втор во втората групна фаза и со тоа ги загуби шансите за висок пласман.

Самсунспор не ги заборава своите жртви

На денешен ден пред точно 25 години турскиот клуб се соочи со најголемата трагедија во својата историја. Додека екипата патуваше на гостување, во сообраќајна несреќа животот го загубија пет члена.

Шпанија нема да го одбрани пехарот во Бразил

Балканска селекција која годинава ќе дебитира на светските првенства има најжестоки навивачи, Шпанија има највредни играчи, а земјата каде најмногу се игра фудбал е Германија и токму таа ќе се радува на златото ова лето.

Сергеј Самсоненко и официјално го купува ФК Вардар

По сите претходни најави, но и желби на навивачите газдата на двете ракометни екипи на Вардар, го презеде во свои раце и најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

Дефиниција за сеир

Ако во речник го побарате зборот „сеир", ќе видите слика од овој навивач на Ливерпул кој не покажа ни малку сожалување за Агбонлахор од Астон Вила.

Како Катар стана светска фудбалска сила

Добивањето на правото за организација на Светското фудбалско првенство во 2022-та година е само дел од планот на Катар да стане главен играч во глобалната игра.

Договорена хокеј тепачка

Натпреварот од НХЛ лигата помеѓу Ванкувер И Калгари уште не беше ни започнат, а осум хокеари од двата тима заработија исклучувања од вкупно 204 минути заради масовна тепачка.