Во 60-те години години дербито во Милано го одбележале две големи ѕвезди на тоа време. Интер го имале Сандро Мацола, син на фудбалерот на Торино, Валентино Мацола кој загина со тимот на Торино во големата авионска несреќа во 1949 година, а нападот на Милан го предводел Џани Ривера кој го носел прекарот Златното момче.
Овие две екипи биле доминанти на европската сцена со по две титули во Лигата на шампиони. „Росонерите“ предводени од тренерот Нерео Роко го подигнале европскиот првак во 1963 година, а трофејот уште две години останал во истиот град, но во рацете на составот предводен од аргентинскиот стратег Еленио Ерера, кога претседател на Интер бил Анџело Морати.
Интер одиграл и трето финале за четири години, но загубил од Селтик. Декадата успешно ја затворил тимот на Милан со шампионски европски пехар во 1969 година. И до денеска ниту еден град нема два прваци во Лигата на шампиони.
Градското дерби отсекогаш било престиж да се победи, а за навивачите тоа претставува најважен натпревар на сезоната. Голот секогаш се доживува емотивно, а за најбрзо време успеал да го постигне 21 годишниот Сандро Мацола и тоа во неговите први 12 секунди на градското дерби.