Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Очаен старт во втората фаза

Македонската ракометна репрезентација на најлош начин ги започна натпреварите од второт круг на еврошампионатот во Данска. Со слаба игра во сите сегменти од играта нашите ракометари сосема заслужено беа поразени од Унгарија со 31:25.

Тикет на колото

Ова се нашите предлози за типување за овој викенд во кој очекуваме ефикасност кај големите екипи.

Гордите фудбалери кои газат без ниту евро плата

Во шпанскиот фудбал каде за Бејл беа исплатени астрономски 100 милиони евра и каде Роналдо го задоволија да стане најскапо платен играч со годишна плата од 17 милиони евра има и еден третолигаш кој игра без пари, а стигна до четвртфиналето од Копа дел Реј.

Навивач го кинел куранот на стадион

Британската полиција за време на натпревар во Англија го идентификувала и го привела навивачот кој завршил во притвор.

Другото Светско првенство во 2014

Само неколку денови пред почетокот на Светското првенство во Бразил, шведскиот град Остерсунд ќе биде домаќин на Светско фудбалско првенство за екипи кои не се признати од страна на ФИФА.

Светски шампион во велосипедизам користел допинг

Италијанскиот Олимписки комитет му одреди две годишна казна на Алесандро Балан.

Тевез: Во мое маало беше опасно, ми ги убиваа другарите

Напаѓачот на Јувентус во интервју за Газета дело Спорт зборува за неговите фудбалски соништа, но се сеќава и на најлошите, оние кои му оставиле црна дамка во неговиот живот кога го загубил својот најдобар другар.

Најкретивните екипи во Европа

Екипата на Барселона не е ниту меѓу првите 15 екипи кои создаваат најмногу шанси. Ова се 20-те најкреативни екипи од петте најсилни лиги во Европа.

Две лоб мајстории

Првата е дело на Фелипе Менезес од Палмеирас кој ладнокрвно од половина терен го шокираше голманот, а втората мајсторија е од близу, но со многу чувство и тоа на 16 годишник од младинскиот тим на Манчестер Сити.

Атланта високо поразена во Лондон

Кошаркарите на Бруклин Нетс беа пресилни за екипата на Атланта Хокс која претрпе убедлив пораз од 127:110, вкупно 19-ти на 39 меча оваа сезона во НБА лигата. Перо Антиќ беше дел од стартната петорка.

Преку трилер завршница Македонија до следната фаза

Со голот на Кире Лазаров во последната минута и со неприкосновениот Борко Ристовски кој блесна со 19 одбрани, македонската ракометна репрезентација стигна до првиот триумф (22:21) на Европското првенство во Данска кој ни носи понатамошен пласман.

Шумахер оставил наследство од милијарда евра

Поранешниот славен возач на Ферари кој се наоѓа во кома, големата сума на пари му ја препишал на своето семејство.

Ќе успее ли Кларенс Сидорф?

Легендите на Милан Марко ван Бастен и Руд Гулит се првите кои се зачудија што токму нивниот помлад сонародник доби шанса на жешкото столче на „Сан Сиро". Преку анализата на uk.askmen ви ја претставуваме тезата што значи довчерашен славен и успешен играч да добие веднаш толкава тренерска одговорност.

Пад за едно место

Македонската фудбалска репрезентација на првото рангирање на ФИФА во новата година се најде на 84 позиција.

Волејот на Калехон

Горан Пандев не успеа да се запише во листата на стрелците на синоќешниот триумф на Наполи против Аталанта од 3:1, но тука е поранешниот фудбалер на Реал Мадрид кој го имаше најубавиот потег на мечот.

Шефот на Формула 1 ќе седне на обвинителна клупа

Според Би-Би-Си, Берни Еклстоун ќе мора да оди на суд во Минхен за корупциската афера во случајот "Грибковски" во која е обвинет за мито.

Руска лекција за создавање тим со свои деца

Концептот наликува на младинските школи во Холандија, како онаа на Ајакс, но всушност се работи за екипата на Краснодар која со градење на трпелива фудбалска стратегија во иднина се очекува да им пркоси на големите руски екипи.

Дејвид Мојс во скаутска мисија

На стратегот на Јунајтед сигурно не му е лесно. Годината само што почна, а тој веќе се соочи со елиминациja во ФА купот и пораз на првиот полуфинален меч во Лига купот. Чаре сепак мора да се бара, а тој се реши за европска турнеја во која бара квалитетни фудбалери кои ќе треба да му помогнат да излезе од калта.

И вака имало

За мајсториите кои ги владеат Кинезите со малото топче на маса ни е непознато, но дека се дозволени и вакви фори во пинг понг не сме знаеле.

А Меси?

Европската куќа на фудбалот го претстави најдобриот тим за 2013 година, но за чудо го нема четирикратниот освојувач на „Златната топка“.

Неподносливиот пекол на Австралија опен

Новата сезона во тенис почна да се игра како во сауна. Натпреварувачите се онесвестуваат и предвреме се откажуваат поради високите температури кои одат над 40 степени. Од Грен слем турнирот во Мелбурн за оваа година веќе се простија осум тенисери уште во првото коло.

Нека не се жали голманот на Данска

Никлас Ландин се пожали дека нашите ракометари многу му шутирале во глава, а што да каже овој младински фудбалер на Челси кој со лице го скроти овој удар и тоа од само едно метро.