Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Василије од Баерн даде кош од столче

Бо Мекејлеб вчера потпиша со евролигашот Баерн Минхен, а конкуренција за позицијата плејмејкер ќе му биде Србинот Василије Мициќ, кој на тренинг погоди седејќи.

Мирка е главна во семејството Федерер

Наместо најдобрите швајцарски тенисери, главна улога во полуфиналето на Мастерсот во Лондон одигра жена му на Федерер, која од трибините го пецкаше Станислас Вавринка додека сервираше за победа. На поранешната тенисерка не ѝ е првпат да биде во гро план.

Полесно нема ниту на тренинг

Хозе Фернандез од Годој Круз прво даде гол за 1:0 против Естудијантес, а после го направи невозможното и промаши празен гол. На крајот конечен резултат 1:1.

Систина со пресврт го доби СЦ Борис Трајковски

Седмото коло во Бизнис лигата победнички го отворија и екипите на ArcelorMittal и Систина.

Вардар - Ренова од 13:00 и Португалија - Аргентина од 20:45

Денес на ТВ 1/4 финалето од македонскиот куп, како и пријателски натпревари, од кои ги издвојуваме Австрија - Бразил и Аргентина - Португалија.

Нов пораз на МЗТ во Скопје

Во 8. коло од Јадранската лига, кошаркарите на МЗТ Скопје го загубија и четвртиот натпревар по ред. Металац направи серија 11:0 во последните 2 минути и славеше 58:64.

Вујин и Вугринец во сенка на Кире Лазаров

Капитенот на македонската ракометна репрезентација викендов го торпедираше европскиот првак Фленсбург со 10 голови, а големи се шансите тој наскоро стане најдобар десен бек во светот.

Дозволен ли е ваков гол во ватерполо?

Германецот Тони сигурно има некоја поврзаност со фудбал бидејќи на ватерполо натпревар во Дебрецин ја употреби ногата.

Квалификациите за ЕП 2016 на пола пат

Пет селекторски смени, бод на Сан Марино, победа на Фарски Острови, прекинати натпревари и навивачки нереди го одбележија првиот дел од квалификациите за пласман на ЕП 2016 во Франција.

Мурињо за Балотели

Секогаш кога ќе си помислите зошто Марио Балотели и покрај тоа што го ругаат прави толку глупоштини, потсетете се на изјавата на Мурињо.

Што ќе му е уште да игра?

Витрините ги наполни, џебовите ги преполни, а со уште два гола во Примера и осум за Аргентина може слободно да стане млад пензионер без никој да му замери.

Малерозната одбрана на Манчестер Јунајтед

Откако вчера вечер се повреди и Дејли Блинд, Манчестер сега има 10 повредени играчи, од кои 7 од одбраната. Против Арсенал следниот викенд, фудбалери од младинската школа ќе ги чуваат Алексис Санчез и Дени Велбек.

Генчлербирлиги ќе ги бричи фудбалерите

Турскиот прволигаш се меша во имиџот на фудбалерите кои се приморани да бидат скоцкани како во војска.

Како Колумбијците користат дрон

Дербито меѓу Меделин и Депортиво Кали се одигра на стадионот Атанасио Гирадот, а кореографијата со прекривното знаме се снимаше со дрон. Домашните победија 3:2, а на минута пред крајот Елтон Мартин смисли начин како да украде од времето.

Хрватска пати поради неколку хулигани

Хрватите имаа 1:1 против Италија на Сан Сиро и шанси за победа, а нивните навивачи на два пати го прекинуваа квалификацискиот меч со фрлање бакљи на терен. По судирот со италијанската полиција, уапсени се 16 Хрвати.

Заради Катар ФИФА може да остане без УЕФА

Адвокатот Мајкл Гарсија напиша извештај на 430 страни во кој се открива корупцијата на ФИФА во врска со доделувањето домаќинство на СП 2018 и 2022. ФИФА не го објави во целост извештајот, по што УЕФА се закани дека ќе ја напушти светската фудбалска организација.

Металург избегна дебакл во Ла Риоха

По турбулентната недела, „металурзите" се држеа само 40 минути во Шпанија и против Ла Риоха го загубија и петтиот натпревар сезонава во ЛШ (31:27). Во следното коло, Шпанците гостуваат во Скопје.

Вардарки до бод во брканицата со Будуќност

Ракометарките на Вардар на полувремето имаа 2 гола негатива, но на крајот имаа шут за победа против Будуќност од Подгорица. Конечните 24:24 во сенка на повредата на Андреа Лекиќ во 9' минута.

ЖРК Вардар – Будуќност и Ѓоковиќ - Федерер во 19:00

Од спорт на ТВ за денеска ви препорачуваме ракомет, тенис, кошарка и неколку квалификациски натпревари за ЕП 2016.

Кливленд со убедлив триумф и ја прекина серијата на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс беа немоќни против составот предводен од Леброн Џејмс кој стана првиот тим оваа сезона во НБА лигата со 11 постигнати тројки на еден натпревар.

Словаците со две шанси до три бода на Филип Втори

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2016, вкупно петти од Словачка во досегашните седум меѓусебни дуели. Со головите на Адам Немец и Јурај Кучка, Словачка и натаму е на прво место во групата со максимален ефект.

Веспрем го освои „Јане Сандански“ на 12 секунди до крајот

Ракометарите на Вардар испуштија голема победа против конкурентот за првата позиција во групата Ц од ракометната Лига на шампиони.