По бојкотот на играчите и меѓусебните обвинувања со управата, Металург ја привршува очајната сезона во европското клупско натпреварување каде лани играше 1/4 финале. Со вечерашниот пораз во Ла Риоха, Металург и дефинитивно ги загуби шансите за пласман понатаму, по што тимот од Автокоманда ќе се фокусира само на СЕХА лигата и домашните натпреварувања.
Во растеретена игра, Металург добро парираше во првото полувреме кое заврши 13:13. Составена од македонски ракометари, екипата на Лино Червар падна на почетокот од второто полувреме и Ла Риоха во 39' минута отиде на плус 8 гола предност.
Во ситуација кога дуелот беше решен, Металург успеа само да го ублажи поразот 31:27. Филип Миркуловски со 8, Наумче Мојсовски и Вугринец со 6 гола беа најефикасни кај Скопјани кои избегнаа дебакл во Шпанија. Следното коло, на 22-ри ноември, Металург го пречекува шпанскиот претставник во Борис Трајковски.