Славниот хрватски пикер, кој беше дел од неповторливата банда на Лино Червар, која стана светски и олимписки првак, го смета Лино за негов ракометен татко кој го створил. За него вели има еден куп легендарни стории, а од нив ќе издвои една кога ги насамарил да тренираат сабајле од нигде никаде, откако претходно имале излез во град. Со Ивано Балиќ нон стоп се караа, ама најмногу се сакаа, раскажува Вори.