Червар: Ги убивме

„Хрватска направи Французите да изгледаат смешно. Ги убивме. Заслужено и повеќе од сè ја заслуживме победата“.

„Она што убаво го кажа Владо Шола, дека ракометот се враќа дома, тоа би го кажал на почетокот на овој стручен комeнтар за Net.hr“, вели Лино Червар, најголемиот и најуспешен хрватски ракометен стручњак до сега.

Хрватска ја здроби Франција во полуфиналето во преполната запребска арена со 31:28, во натпревар со целосна доминација 60 минути во кои постојано беше во водство.

„Покажавме дека сè уште сме ракометна велесила, без разлика на тоа кој што зборувал. Ова беше феноменален натпревар на нашите ракометари. Секоја чест за сите играчи, стручниот штаб, сите. Мислам дека покажавме што е тоа хрватски ракомет. Покажавме што е нашата зона 5-1, која ја сметаа за застарена, а всушност зоната 5-1 е модерна зона. Сите одбрани 6-0 што ги игра цел свет се покажаа како старомодни“.

„Мило ми е што го задржавме нашиот одбранбен стил кој го негуваме со години и кој треба уште да го подобриме, а една работа беше особено забележлива. Без разлика што Французите се врвни играчи, беа немоќни пред нашата гранитна одбрана 5-1. Беа како деца, не можеа ништо да направат, а Хрватска покажа дека тимската игра е најважна работа и тоа е поважно од индивидуалните вредности. Не, одбраната е најсилна бидејќи одбраната е најдобрата форма на алтруизам, заедништво, а тоа го покажа нашата репрезентација“, вели Червар.

Звонимир Срна и Марин Јелиниќ постигнаа по 7 гола, а Доминик Кузмановиќ забележа 14 одбрани, но Червар не сака никого да издвојува.

„Честитки до сите, но не би сакал никого да издвојам, победи тимската игра. И би сакал да кажам уште нешто многу важно овде пред сите. Не знам што ќе прават Данците ако ја победат Португалија, но секој што нема одговор и решение за нашата одбрана 5-1, ќе изгуби и ние ќе бидеме светски шампиони“.

Со оваа победа Хрватска го обезбеди шестиот медал во историјата на Светските првенства, а прв по 12 години кога ја освоија бронзата во Шпанија. Ова им е петти настап за во финалето, откако претходно освоија едно злато (Португалија 2003) и три сребра (Исланд 1995, Тунис 2005 и Хрватска 2009 година).

„Ова ме потсетува на 2003 година, а посебно на 2004 година и Олимписките игри кога го освоивме златото со одбраната 5-1. Со таа одбрана игравме и во Португалија. Многу луѓе тогаш, како и сега, мислеа дека оваа наша одбрана е старомодна“.

Многумина велеа дека Хрватска нема да оди далеку. Што би рекол Лино?

„Да ја прочитаат мојата револуционерна книга, можеби нешто и ќе научат. Самите ќе го сменат погледот кон ракометот, исто како и целиот ракометен свет ако одлучат да ја прочитаат. Тоа е модерна книга, иднината на ракометот“.

Французите по мечот изгледаа бледо и шокирано...

„Па, нека изгледаат, Хрватска ги направи смешни, ги убивме, заслужено и повеќе од сè ја заслуживме победата. Во првото полувреме ги уништивме. Срна одигра животен натпревар, но повеќе од тоа да издвојува некој конкретно би бил нефер. Хрватскиот ракомет се врати дома и во недела одиме по злато, без разлика дали се тоа Данците или Португалците“, заврши Червар во својата анализа. 

31 јануари 2025 - 09:01