Новиот селектор на македонските ракометари, Лино Червар го објави првиот список на ракометари кои ќе се борат за место во националниот тим во баражот за Светското во Франција 2017.
По којзнае кој пат сезонава Металург одигра одлично прво и бледо второ полувреме и на крајот загуби. Подобар од избраниците на Червар беше украинскиот шампион Металург Запорожје 23-21.
По двата тесни порази од само еден гол разлика, ракометарите на Металург ќе се обидат да се рехабилитираат со победа пред своја публика против Баја Маре која во недела гостува во Борис Трајковски.
Хрватскиот стратег им беше толку лут на Филип Кузмановски и Марко Бувиниќ поради грешките на мечот од ЛШ против Баја Маре, што им се закани дека ќе ги пушти пеш да си одат дома.
Во пресрет на првиот меч на Металург во Лигата на шампионите пред своја публика, хрватскиот стратег изјави дека се чувствува непожелен во Македонија, а потоа прочита смс порака од Кире Лазаров.
Ракометарите на Металург викендов го играат последниот меч во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде само формалност меѓу подмладокот на тимот од Автокоманда и Загреб кој е веќе сигурен учесник во осминафиналето.
Раководство на актуелниот македонски шампион официјално го потврди заминувањето на 8 ракометари на Металург, кои инаку настапуваа за Македонија на СП Катар. Клубот за сега ќе опстојува со подмладокот, а Лино Червар изјави дека ќе остане да помага.
Францускиот клуб запиша убедлива победа 35:24 во борбата за првото место, а нашиот Металург останува со теоретски шанси за нокаут фазата до која стигнуваше три сезони по ред. Први голови во Лигата на шампионите постигнаа младите Мартин Манасков и Марко Нелоски.
Со голот на Наумче Мојсоски на 2 секунди пред крајот, актуелниот македонски првак Металург успеа да стигне до првата победа 29:28 сезонава во Лигата на шампионите. Никола Митрески одличен на голот со 10 одбрани и најдобра партија годинава за Мојсовски и Вугринец.
„Без разлика во каков состав сме ќе се бориме, особено за нашите навивачи кои многу ги почитуваме и морам да кажам дека поради нив ми е многу жал што дојде до ова“, рече хрватскиот стратег.
По турбулентната недела, „металурзите" се држеа само 40 минути во Шпанија и против Ла Риоха го загубија и петтиот натпревар сезонава во ЛШ (31:27). Во следното коло, Шпанците гостуваат во Скопје.
Странците си заминуваат, клубот и домашните играчи молчат и два дена по состанокот со Минчо Јорданов, а хрватскиот стратег кој е под голем притисок од ракометарите, ситуацијата во Металург ја објасни за хрватските медиуми.
Барем привремено крајниот исход од драмењето во Металург е - странците си заминуваат незадоволни, македонските ракометари ќе играат против Ла Риоха во ЛШ, ама со ултиматум за Лино.
Во пресрет на првата историска средба во Лигата на шампионите помеѓу градските ривали Металург и Вардар, стратегот Лино Червар изјави дека ова дерби треба да се гледа како пресметка помеѓу два големи ривали, но не и непријатели како што некој тоа го смета.