Лино Червар доби новинарско прашање во врска со шпекулациите за тоа дека самиот се нудел да биде нов тренер на Веспрем,
„Некој ме земал под заб тука во Македонија. Или некој се плаши од мене овде или не му се допаѓа како работам. Не е добро за мене и за моето семејство да ме прислушуваат, како да е ова времето на Југославија. Не е добро и да ми гледаат во џеб. Излезе дека сум најбогат човек во Македонија, дека не плаќам данок. Читав дека играчите не земале плати, а јас земав, па се сетив на Черчил кој вели: лагата ќе го обиколи светот додека вистината ги облече панталоните“.
Потоа следуваше демант за пишувањата во Веспрем каде Карлос Ортега не е повеќе предводник на унгарскиот состав.
„Јас немав ниту еден разговор со ниту едно официјално лице од Веспрем, се колнам и во деца, а медиумите пишуваа дека јас кој имам освоено првенства, медали, човек со две напишани книги, дека јас сум се нудел во Веспрем. Па зарем јас треба да се нудам? Јас дојдов тука пред се како пријател, јас навистина ги сакам Македонците, е сега ако некој не ме сака во ред. И да си одам, ќе си одам со крената глава“
Стратегот на Металруг цитираше и смс порака која ја добил од капитенот на Македонската ракометна репрезентација.
„Не мораш да ја браниш вистината, таа е како лав. Ослободи ја, таа ќе се брани самата. Ете тоа ми го прати Киро и јас до тоа се држам“, рече Червар.