Од А до Ш со Лино Червар

Иако е селектор на Македонија и тренер на Металург, Лино Червар ниту една буква не го асоцира со нашиве ракометни простори каде е укотвен 7 години. Нејсе. Има што да се прочита во интервјуво. Доктор е за ракомет, учител за младите и човек кој работите ги анализира длабоко и суштински.

A – АМБИЦИЈА. Немојте да мислите дека немам повеќе амбиции. Уште сакам титули. Имам уште една идеја, да се натпреварувам со силен тим кој може да ја оствари таа идеја која ја имам, иако никогаш не знам што ќе биде во мојот живот. Но потребни се актери. Идејата може да биде многу добра, но уште потешко да се спроведе со оној кои има 3-4 години играчи стаж, отколку со некој што има 10.

Б – БАЛИЌ И БАБИЌ. Не е добро за ракометот прашањето за селектор да се претвора во таква теленовела. Прво Бабиќ дава оставка, па ја повлекува. Тоа покажува дека ситуацијата не е под контрола. Секогаш сум го замислувал Балиќ, кој е маркетиншки интересен, како работи со млади, бидејќи има што да им покаже. Мислам дека го бива за таа работа. Кога ја водев репрезентацијата секогаш се трудев да имаме посебен однос.

Ц – Cijepanje moci (РАЗДЕЛУВАЊЕ НА МОЌТА). Како тренер морам да се откажам од дел од својата моќ во корист на играчите. Професор на факултет мора да се откаже од дел од својата моќ во корист на студентите. Нема повеќе наредник и извршител, мачител и маченик. И дете со 10 години е субјект.

Д – ДЕЦА. Ако децата во Англија на 6 години работат со програми на интернет, зошто не може да почнат да тренираат ракомет на 6 години? Но да играат и да тренираат, а не „На ти ја, дај ми ја“. Затоа внук ми престана да игра. Рече: Не сакам дедо. Тоа е безидејно, нема да играм. Со 8-9 години децата имаат најголем раст на невроните и најдобро ја разбираат играта.

Е – ЕКСЦЕСИ. Една Рудиќ ми рече: Знаеш што Лино, секогаш сум се жалел дека не постои идила во тимот. А најдобрите резултати ги постигнавме кога немаше идила, кога се расправавме, кога си ебавме мајката. Лошо беше со мир, бидејќи карактерот се создава во конфликт и во тешки ситуации.

Ф – ФОРУМИ. Не опкружува безнадежност, депресија, огорченост кон политичка елита, работодавачи, богати. По малку ѕиркам на форумите и кога ги гледам коментарите на луѓето по порталите, 95% се негативни спрема животот и луѓето. Секој народ дава дијагноза, а ако немаш дијагноза, тогаш ниту лекови не ти помагаат, а ниту рецептите не се добри.

Г – ГОБАЦ. Зоран даде голем придонес во ракометот, мене како селектор ми даде огромна поддршка. Но и тој е доказ дека зависиме од еден или двајца луѓе и дека немаме систем. Неговите заслуги не се спорни, но мораме да се потрудиме тоа да изгледа малку поразлично.

Х – ХРАБРОСТ. На нашите политичари им недостига храброст каква што имаше мојот политички идол Горан Першон кој беше премиер на Шведска од 1996-та до 2006-та. Имаше криза во која Шведска падна на задниот дел од Скандинавија. Имаше мадиња, тоа што им недостасува на политичарите кои се служам само со популизам. И се обрати на нацијата и рече: “Барам од вас кредит. Мораме да ја подигнеме државата“. Имаше исти проблеми како нашите – буџетски дефицит и јавен долг. Кога кај нас се зборува за реформи, веднаш почнуваат: „Треба да анализираме, бла-бла“. Батали тоа. Тој рече: Морам да ја намалам бирократијата. Заборавите на субвенции. На проблематичните компании не им давам. Ќе им дадам на новите компании кои имаат иднина. Миграција...Добивавте 3.000 евра. Од денес нема повеќе. И така доби кредит од граѓаните.

И – ИНОВАЦИИ. Прв во 2006 година играв без крило и со два пивоти. Некои не напаѓаа, а сега сите играат така. Никој не сака промени. Кевин Хоган рече дека навиките можеш да ги промениш за 21 ден. Потоа се поправи – за пет дена. Ако напорно тренираш и ако имаш такви фраери. Потоа некој играч може да ти рече: „Стар сум за да се менувам“. Како тоа? Додека не умреш, мораш да се менуваш. Американците велат: Ако човекот не е иновативен, тогаш умира. Јас и сега работам на иновации во играта.

Ј – ЈАЛ. Ми сметаше што во мојата земја се чувствував нерамноправно во однос на некои кои вредат помалку. Или ме именуваат за да ми помогне овој или оној. Тоа е јал, губитнички став и менталитет кој не можев да го поднесам.

К - КУЌА НА СЛАВНИТЕ. Постои Куќа на славните, но каде е куќата на славните за тимовите? Тоа недостасува. Тимовите ќе ја решат кризата. Постои само еден успешен модел во светот: интерактивен – кооперативен – меѓусебно зависен.

Л – ЛУДАК. Мораш да го избереш вистинскиот човек. Ме прашаа зошто го земам Калеб за репрезентација, а Голужа ми рече? Па тој го гризна за уво Удовичиќ, лудак. Е таков ми треба. Тој може да игра петка во одбрана. Играме со Кореја, за Јун ми велат: Тој ќе ти забие 10 гола. Калеб прашува кој е тој? Јун не знаеше каде е топката.

Љ – Ljudi I politika (Луѓе и политика). Секогаш сум ја доживувал политиката како вештина за помирување на луѓето и на лево и на десно. Јас ги сакам луѓето и тоа е мојата предност. Не ме интересира кој од каде е. Затоа можам да се пофалам дека сум се движел по црвен тепих во парламентот, сум се движел исправено и ме поздравувале и левичари и десничари. Тоа е доказ дека сум бил на прав пат бидејќи држам до тоа дека вез вистинската демократија и целосната среќа во животот нема помирување.

М – МОТИВИ. Секогаш сум имал нагон да направам нешто што друг никој не го направил. Инаку каков ќе ти биде мотивот после 10 титули или 11? Затоа за мене беше предизвик Хрватска како последна на ЕП 2002. Знаев дека кога тогаш ќе бидам селектор. Секогаш имав големи амбиции.

Н – НОВИ ТРЕНЕРИ. Денеска играчите сакаат откако ќе го соблечат дресот, да седнат на клупа на најсилните екипи. Бидејќи таму се вртат парите. Ќе земеш добар кондициски тренер, ќе поставиш тактика на памет и потоа ќе го водиш првиот тим. Но тоа не оди така, треба да се направи стаж. Се разбира ниту еден тренер нема да ги помине сите испити, не ги поминав ни јас. Ќуката треба да се гради од темелите, додека не станеш врвен тренер.

Њ – Njemacki izbornik (ГЕРМАНСКИ СЕЛЕКТОР). Ми се допаѓа Сигурдсон. Го забележав кога беше селектор на Австрија, го открив дека учи, дека се разликува од другите кои работат по шаблон и сакаат брз успех.

О – Оdlazak iz Hrvetske (ЗАМИНУВАЊЕ ОД ХРВАТСКА). Јас сум еден од ретките кои замина сам. Заминав по среброто на ЕП. Никој не ме смени, тоа беше моја желба. Тренерите не ја даваат репрезентацијата во такви ситуации, туку ја искористуваат до крај. “Ајде, се пропадна, па сега ти Лино пробај…“

П – ПОЧЕТОЦИ. Станав тренер со 23 години. Прво во Новиград, па Умаг со кој дојдов како дете до првата југословенска лига. Тоа беа моите први препораки. И некој веројатно забележал дека постои некој Новиград кој со околу 800 жители за малку ќе влезел во втора лига. Потоа ја водев Италија, ракометни лилипутанци, а со нив ја елиминирав Словенија и ги намачив Шведска и Франција.

Р – РЕФОРМИ. Никаде во наставните реформи не се споменува образованието. Образовниот систем информира, едуцира, но пред се го формира човекот. Можеш да имаш не знам какво ниво на образование, но ако ти недостасуваат духовни и образовни вредности, тогаш си никој и ништо.

С – СВЕТСКИ ПРВАЦИ. Мојот тим од 2003 година беше Дрим тим на 21 век. Станавме шампиони со играчи кои имаа во просек по 23,5 години, а до тогаш се зборуваше дека мора да се направи преминот од 30 години за да се положи сè. За година и пол стигнаа од последно место на Европско првенство до светски и олимписки прваци. И сега некој ќе рече: Беа добри и претходно. Да, беа, ама ги немаа тие резултати.

Ш – Školstvo. (ОБРАЗОВАНИЕ). Професор во Исланд не знае што ќе се случува денеска во одделение. Нашите деца носат ранци тешки по 25 килограми, а нивните имаат по само 2-3 книги. Но имаат во главата. Професорот им дава некои идеи и ги следи како ги развиваат, а тој е само модератор. Ги охрабрува да бидат креативни, а не да учат продукциски. Така е и во ракометот, мораме да најдеме креативни решенија во играта.

Т – ТРАМП. Изборите во САД ни беа поука. 300 медиуми беа со Клинтон, а 3 со Трамп и пак победи. Значи прашањето е дали тие медиуми ја имаа истата моќ да влијаат на јавното мислење како порано? Резултат беше поинаков. Нема тука коалиција. Кога победи Трамп рече: „Сепак нема да барам конфликти“. Треба да се бара консензус. Светот нема да најде решение за клучните проблеми без обединување и не најде решение за: финансиската криза 2008-ма, климатските промени, тероризмот и миграцијата.

У – Uvreda. (НАВРЕДА). Најтешко бев повреден во Хрватска кога го прочитав написот со наслов „Лино е последниот избор на ХДЗ“. Пред сè тоа не е вистина. Бев во изборот додека премиер беше Рачан кој многу ми се допаѓаше и кој ми пријде на финалето 2003-та.

В – ВОДЕЊЕ ТИМ. Не можеш да дојдеш до резултат ако играчите ги тапкаш малку во рамо. Тренерската работа е макотрпна. Нашиот балкански менталитет е таков да мораш да влезеш во конфликт во играчите. Но не со најслабите, туку со најсилните. Секогаш сум се соочувал со најсилните и не сум загрижен што ќе ми одговори. Тврдоглаво сум го сакал своето и сум го постигнал тоа што сум го сакал.

З – Zastupnicki mandat (МАНДАТ ВО ПАРЛАМЕНТ). Сам го напуштив парламентот на своја рака и ми се лутат за тоа. Си заминав од политиката и веќе 10 години не сум таму. Многу ми пречеше тоа делење во Хрватска на начин “вреден си ако си во некое лоби или партија“. Јас не сакам некој да ме дели. Значи јас тогаш би требало да ги делам и децата, а работам со млади од четири држави.

Ж – ЖИВОТ. Во целиот мој живот морав да се докажувам на некој, а другите кои немаа никакви резултати се буткаа некако на пиадесталот. Но добро.

Извор

28 ноември 2016 - 15:07