Металург одлично го почна вечерашниот дуел и по првите 10 минути имаше два гола предност 6:4. По 3 минути игра, Шпанците го искористија играчот повеќе и израмнија 6:6.
Во 19. минута Скопјани водеа 12:9, најзаслужни за високото водство беа Наумче Мојсоски со 5 и Ренато Вугринец со 4 погодоци.
Ла Риоха пред крајот на првиот дел со целосен пресврт стекна предност од 2 гола, 13:15. До крајот на полувремето Миркуловски намали за 15:16, резултат со кој се заврши 1. дел.
Како го затвори првиот, македонскиот репрезентативец го отвори и вториот дел, по што тргна серијата на „металурзите“, во која најдобра партија сезонава пружија Мојсоски и Вугринец. Тимот од Автокоманда поведе 22:20, а со деветиот гол, Мојсоски ја крена салата Борис Трајковси на нозе.
Драмата следуваше во последните 3 минути, кога Никола Митревски одбрани пенал, а Наумче Мојсоски со гол на 2 секунди пред крајот му донесе прва победа 29:28 и први бодови на Металург во ЛШ. Следното коло, металурзите му гостуваат на ПСЖ, а потоа во Борис Трајковски стигнува Мешков.
МЕТАЛУРГ : ЛА РИОХА 29:28 (15:16)
Скопје, сала СЦ „Борис Трајковски", судии: Столаровс и Лицис, делегат: Вујисиќ
МЕТАЛУРГ: Ојлески, Димовски, Вугринец, Георгиевски, Манасков, Мисовски, Миркуловски, Маркоски В., Митревски, Мојсовски, Маркоски Н., Кукоски, Неловски, Талески, Јоновски, Ѓукиќ
ЛА РИОХ: Мигалон, Дос Сантос, Хуанин, Хименез, Агуинагалде, Герпе, Гомез, Гарабаха, Стенмалм, Рокас, Качеда, Родригез, Фернандез, Рубио, Ромеро, Ејлерт