Репрезентацијата на Англија викендов игра квалификациски дуел за ЕП 2016 против Словенија, а гледачите од ложата ќе може да повикаат келнер, преку смартфон апликацијата Голд левел.
Навивачите ќе можат да нарачуваат пијалоци и јадења, меѓу кои организаторот посебно го препорачува хот-догот од 16 сантиметри. Преку апликацијата, привилегираните фанови ќе можат во секој момент да го прилагодуваат и своето седиште.
Можноста да се викне келнер ќе важи само за саботниот натпревар против Словенија. Во групата Е, Англија е прва со 9 бода, а Словенците се втори со 6 поени. Натпреварот на Вембли се игра од 18:00.