Денешниот поширок список на кандидати за настап во решавачките средби за пласман на Мундијалот во Франција го озчани и стартот на работа на Лино Червар. Хрватот се одлучи за 28 ракометари, а како и вообичаено на ваквите списоци нема некои драстични измени и големи изненадувања. Тоа е воглавно најдоброто што Македонија го има.
Дебитанти се Ивица Лазаревски (25), Борче Соколов (29), Мартин Томовски (18) и Бобан Блажевски (25) и тие за првпат добиваат репрезентативен статус. Мало изненадување е што на списокот го нема голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, а на негово место е неговиот конкурент од Металург, 18-годишниот Томовски кој е светла иднина на мак ракометот. Повикан е и 22-годишниот Мартин Манасков, најдобриот младински репрезентативец.
Червар смета на овие ракометари, но набрзо ќе го скрати списокот и ќе ги одбере оние кои ќе ѝ се спротистават на Чешка во Злин на 11 јуни, а потоа на 15-ти јуни ќе ја пречека истата селекција во Скопје. Победникот од двомечот ќе патува на Светското во Франција идната година.
Двомечот веројатно ќе значи и крај на репрезентативната кариера на ветераните Миркуловски и Наумче Мојсовски кои најавија повлекување од националниот дрес.
Список на повикани ракометари:
1. Борко Ристовски (Рајн-Некар Ловен)
2. Мартин Томовски (РК Металург)
3. Никола Митревски (Бенфика)
4. Златко Даскаловски (Универзитатеа Темишвар)
5. Дејан Манасков (РК Вардар)
6. Гоце Ојлески (Одореи)
7. Гоце Георгиевски (Тулуз)
8. Ивица Лазаревски (ГРК Борец)
9. Борче Соколов (РК Макс Струмица)
10. Никола Костески (РК Металург)
11. Стојанче Стоилов (РК Вардар)
12. Жарко Пешевски (РК Металург)
13. Никола Маркоски (РК Работнички)
14. Филип Лазаров (РК Вардар)
15. Аце Јоновски (Бергишер ХЦ)
16. Филип Миркуловски (Вецлар)
17. Наумче Мојсовски (Букурешт)
18. Мартин Манасков (РК Вардар Јуниор)
19. Бобан Блажевски (РК Радовиш)
20. Немања Прибак (Бешикташ)
21. Кирил Лазаров (Барселона)
22. Влатко Митков (Кремс)
23. Филип Талески (РК Металург)
24. Филип Кузмановски (РК Металург)
25. Дрогришки Стефан (РК Пелистер)
26. Велко Марковски (РК Загреб)
27. Дарко Димитриевски (Шургои)
28. Милорад Кукоски (РК Металург)