Лино ги пцуеше нашите судии, а најдобри беа во финалето

Исцрпената Хрватска од епското полуфинале против Норвешка кое го доби на продолженија, немаше сили да се носи до крај со Шпанците. Игор Карачиќ во последниот напад направи апла чекори, Славе и Ѓорги ги забележаа и донесоа исправна одлука. Балкан Хендбал ги испофали за професионалниот потег и општо цело судење.

Специјализираниот сајт за ракомет отиде со наслов:

„Најдобри играчи на финалето беа судиите: Македонци, секоја чест“.

И дадоа објаснување дека за таква одлука на крајот од мечот треба да имате мадиња.

„Моментот кога Ѓорѓи Начевски во 59-та минута досуди чекори на Игор Карачиќ ќе влезе во антологијата на Европските првенства. Ни беше потребна забавена снимка за да сфатиме дека средниот бек на Хрватска тргна во лесен танц пред да направи финта, а бројот на чекорите отиде на 5, 6, 7. Да донесеш одлука која е исправна и која не ги менува работите бидејќи играчот е на 10 метри од голот и нападот допрва треба да почне, а притоа да знаеш дека може да влијае на конечниот резултат на финалето е дел од храброста и одговорноста кои ги имаат судиите. За таква одлука треба да имате мадиња. Ниту најголемите навивачи од хрватскиот табор не можат да ја оспорат таа одлука, ниту долгото негувано братство меѓу Хрватска и Македонија не може да биде нарушено за работа која е чиста како солза. Во дуелот на двете уморни и исцрпени екипи во Теле 2 Арената во Стокхолм, најдобри актери беа судиите Начевски и Николов“.

Лино Червар не сакаше да ја признае грешката на Карачиќ.

27 јануари 2020 - 15:45