Словенечките медиуми не можат да се помират со некои спорни судиски одлуки на нивна штета. Целата јавност од оваа земја гласно бара од своите репрезентативци денес да се појават на паркетот со Црна Гора ама да бидат статисти и така да заврши целата лакрдија. Словенечкиот портал Ekipa24.si оди до таму што во архивата ископале видео на кое Вујовиќ како тренер на Вардар се степа со судијата Ѓорѓи Начевски за време на едно дерби со Металург во Скопје. Според нив, наводно сега татко му на Ѓорѓи, Драган, којшто ги делегира судиите му враќа вака на Вујо.