Кливленд со убедлив триумф и ја прекина серијата на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс беа немоќни против составот предводен од Леброн Џејмс кој стана првиот тим оваа сезона во НБА лигата со 11 постигнати тројки на еден натпревар.

Кавалирс одиграа маестрален натпревар против Хокси и ги добија сите четвртини, а со учинокот 9/9 од линијата за три поени и високото водство од 71:43 на полувреме, јасно беше дека нема лек за да се спречи нивната игра.

Кливленд стигна до четврта победа во низа и со триумф од 127:94 им ја прекина победничката серија на Јастребите кои беа непоразени на четири средби.

Најдобар играч на мечот беше Леброн Џејмс со 32 поени, а кај Атланта се истакна Пол Милсап со 16 поени.

Ова беше прв натпревар на кој Перо Антиќ остана без никаков ефект, но тој доби само 5 минути за кои немаше ниту обид за шут.

Резултати:

Портланд – Бруклин 97-87
Сакраменто – Сан Антонио 94-91
Голден Стејт – Шарлот 112-87
ЛА клиперс – Феникс 120-107
Чикаго – Индијана 90-99
Далас – Минесота 131-117
Вашингтон – Орландо 98-93
Торонто – Јута 111-93

16 ноември 2014 - 12:31