Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Осврт на шестото коло во Бизнис Лигата

Дејан Зиков од Лукоил е најефикасен играч со 7 гола во шестото коло од Бизнис лигата, а за најдобра екипа е прогласена Eurolink која ја доби неизвесната битка против Sistina со 6:5.

Македонија низ квалификациите за ЕП

Фудбалската репрезентација на нашата земја ги игра 6-те квалификации за Европското првенство. Вечерва во Скопје гостува Словачка, првопласираната селекција во нашата група.

Вардар - Веспрем во 19:00

Денешната спортска понуда се состои од пет квалификациски средби за Европско првенство во 2016, ракометна Лига на шампиони и тениско полуфинале од турнирот во Лондон.

Добитникот на две карти за Македонија – Словачка

Квалификацискиот фудбалски натпревар на „Филип Втори“ вечерва ќе го гледа Toni Krstevski кој се покажа како најдобар Типстер. 

Ристовски: Првиот совет по грешката со Милан ми го даде Креспо

Бекот на македонската фудбалска репрезентација поминал низ тешки кризи и се калел во четири италијански клубови за на 22 години да заигра во Серија А. Хамшик и Игуаин ги запознал на гости кај Пандев, а за словачкиот репрезентативец вели дека треба двајца чувари.

Трик шутот од спунт на Адам Лалана

За време на снимањето на рекламниот спот за видео играта Assassin's Creed Unity, фудбалерот на Ливерпул направи потег во стилот на Роналдињо.

Ѓуровски: Штета што Најдоски не може да игра

И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.

Манчини доаѓа, Зенга тагува

Италијанскиот клуб на својот веб сајт објави дека Валтер Мацари е отпуштен, а на негово место доаѓа нивниот поранешен тренер кои потоа ги водеше Манчестер Сити и Галатасарај. Се огласи и Валтер Ѕенга, противкандидатот за клупата.

Јаховиќ и Георгиевски се скараа на тренинг

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги отстрани од националниот тим двајцата фудбалери кои ја нарушиле атмосферата во тимот пред дуелот против Словачка.

Индира: Во Подгорица се играше рагби, ќе вратиме на агресивноста

Ракометарките на Вардар во недела го играат регионалното дерби од ЛШ против Будуќност, екипа која убедливо ги победи во Подгорица. Кастратовиќ не се плаши од гостинските навивачи кои ќе ги бодрат Црногорките во „Јане Сандански“.

Бугарите продале 25 карти за дуелот со Малта

Во 2009-та година, квалификацискиот дуел Бугарија - Ерменија во Софија го гледале 300 души и тоа е најлошиот рекорд на посетеност кај Бугарите. Во недела веројатно и овој ќе го срушат.

Португалија - Ерменија на Спортклуб и Ѓоковиќ - Бердих на МРТ

Квалификациски фудбал за ЕП 2016, трето коло на Мастерсот во Лондон и кошаркарска Евролига. Играјте Типстер и освоите подароци.

Червар: Во прашање е опстанокот на клубот

Странците си заминуваат, клубот и домашните играчи молчат и два дена по состанокот со Минчо Јорданов, а хрватскиот стратег кој е под голем притисок од ракометарите, ситуацијата во Металург ја објасни за хрватските медиуми.

Аргентина и Меси се пробаа со младинците на Вест Хем

Гаучосите вчера ја победија Хрватска во пријателска средба, а за тој натпревар се загревале против младинскиот состав на „чеканите", поради доцнење на својот тренинг.

Карачиќ одбра маица од Радичевиќ

Европската куќа на ракометот направи специјална најава на својот веб сајт за следните два натпревари на РК и ЖРК Вардар во фан шопот на клубот.

Дали бадминтон е најкорумпираниот спорт во светот?

Годинава е откриен случај во кој местачи се обиделе да го договорат Данецот Ханс Витингус да штелува натпревар за 2.500 евра. Витингус е 10-ти на светската бадминтон ранг листа, по што се поставува прашањето колку ли се мести со играчите подолу во пирамидата?

Во „Јане Сандански“ ќе се води битка за прво место

Црвено црните во сабота со почеток од 19 часот го пречекуваат до сега најтешкиот противник во новата сала од кој беа поразени во СЕХА лигата во Унгарија.

Ал Тани не купувал гласови во ФИФА, туку ја зајакнувал кандидатурата за претседател

Светската куќа на фудбалот ја отфрли можноста за повторно гласање за домаќини на следните две Светски првенства.

НХЛ тепачка на трибини

Судирот е поради истурено пиво, а се случи за време на хокеј дуелот меѓу Сенаторс и Торонто Мејпл. Ете зошто ривалите треба да седат на различни трибини.

Потези на вечерта во НБА

Забивања, ретки дриблинзи и тешки фаули на 9 натпревари синоќа во НБА. Рони Прајс суспендиран поради бруталниот фаул, Руди Гоберт и натаму удира банани како на тренинг, а забивањето на вечерта го имаше Брендон Џенингс.

Вилијан ги измести Турците

Бразил славеше со 4:0 на пријателската против Турција, а потегот на вечерта го имаше фудбалерот на Челси

Федерер – Мареј во 21:00

Спортската понуда за денес се состои од натпревари во Евролигата, како и тенис во Лондон.

Портланд даде 130 коша, нов пораз на Лејкерс

Перо Антиќ од натпревар во натпревар добива поголема минутажа во Атланта. Во вчерашниот триумф против Јута Џез, Антиќ одигра 20 минути и постигна 5 поени со 5 скока.