ArcelorMittal продложува во добар ритам и против МЕПСО
ArcelorMittal 6-2 (4-2) МЕПСО
ArcelorMittal: Љупчо Шегмановиќ 2’, 37’, 40’, Игор Мирчевски 6’, Александар Зотиќ 8’, 9’
МЕПСО: Златко Ацевски 6’, Братислав Савовски 18’
Во одличен ритам изненадувањето на сезоната ArcelorMittal го отвори натпреварот играјќи доста самоуверено, пред се во делот на нападот каде што постигна 4 гола. МЕПСО се обиде да парира пред се со цврста одбрана која вроди со плод, но не доволно, па така ArcelorMittal замина на полувремето со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на МЕПСО ги направи сите напори да го сврти овој натпревар во своја полза, но екипата на ArcelorMittal беше тврд орев, не дозволи никакво изненадување па рутинирано го приведе овој натпревар кон крајот за победа од 6-2.
ЕВН без противигра за Македонски Телеком
ЕВН 3-5 (0-3) Македонски Телеком
ЕВН: Дарко Милошески 25’, Слаѓан Божиновски 37’, Благојче Кулев 40’
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 5’, 11’, Петре Велигденов 16’, 24’, Андреј Периќ 28’
Во текот на целото прво полувреме Македонски Телеком беше во свој елемент, не давајќи му на ЕВН да ги поврзе своите редови, пред се поради нивната добра игра во одбраната што им овозможи од контранапади да имаат чисти и отворени шутеви кон голот од кои профитираа, па на полувремето отидоа со високи 0-3. Во второто полувреме Македонски Телеком продолжи во истиот ритам, не давајќи му баш никаков простор на ЕВН да се врати во игра и на крајот славеше со убедливи 3-5.
Систина со колективна игра до победа над СЦ Борис Трајковски
СЦ Борис Трајковски 4-7 (4-3) Систина
СЦ Борис Трајковски: Марјан Христов 12’, Дамјан Силјановски 13’, Влахо Костов 14’, Љубомир Стојановски 19’
Систина: Ивица Петровски 2’, 23’, Даниел Боневски 11’, 19’, Никола Трајковски 26’, Игор Ѓорѓиевски 33’, 37’
Исклучително интересно прво полувреме, на самиот старт екипата на Систина прикажа одлична игра и поведе дури со 2 гола разлика за да после само неколку минути дојде до целосен пресврт од страна на СЦ Борис Трајковски, не само што изедначија, туку и поведоа со гол предност, која Систина не успеа да ја анулира, па полувремето заврши со 4-3. Во второто полувреме екипата на Систина заигра колективно со одлично изработени акции и стигна до целосен пресврт. За нивната колективна игра СЦ Борис Трајковски немаше решение, не успеа да се снајде во понатамошниот дел од натпреварот, па го загуби со 4-7.