МЗТ Скопје лошо го отвори мечот пред 3.500 гледачи, кои видоа само 2 поени на нивните кошаркари во првите 6 минути. Металац со неколку искористени напади поведе 11:2, а со тројката на Александар Цветковиќ, МЗТ првиот период го заврши со 5 поени негатива, 13:18.
Серијата неизнудени грешки на домаќините продолжи и во вторите 10 минути и Металац на полувремето имаше водство од 2 поени 32:30.
До прва предност 43:39, МЗТ стигна во третата четвртина, после поените на Иван Маринковиќ. Во контра напад за поголемо водство, Дион Диксон не му додаде на Маринковиќ, се обиде сам да ја заврши акцијата, но во обидот да забие не стигна ни до обрачот. По свирежите, од навивачите Боби Митев го извади од игра и Диксон не влезе до крајот.
Грешките на „штрковите“ од првиот дел продолжија до крајот на мечот. Иако имаше 56:53 на 2 минути пред крајот, со 5 неизнудени грешки МЗТ му дозволи на Металац да направи серија 11:0 и да победи 58:64.
Вечерашниот пораз е четврти во низа, а втор во низа на скопскиот тим. Од друга страна, Металац победи по трет пат во низа. МЗТ Скопје сега е претпоследен на табелата со 2 победи и 6 порази. Послаб учинок од нашиот шампион има само бугарскиот дебитант во лигата, Левски од Софија.
Прв стрелец кај „металците" беше Сеад Шеховиќ со 16 поени и 10 скока, Александар Цветковиќ со 12 и Дамјан Стојановски со 13 поени. Најдобар поединец на мечот беше Никола Малешевиќ со 23 коша и 9 скока. Во следните 2 кола, МЗТ гостува кај Игокеа и Олимпија во Љубљана.