Таг: боби митев

МЗТ поразен во Загреб без повредените репрезентативци

Кошаркарите на МЗТ Скопје го запишаа и осмиот пораз во 12. коло од јадранската лига, откако вечерва Цибона беше подобра 70:61. Металците играа без повредените Дамјан Стојановски и Марко Симоновски. Кај цибосите, Владо Илиевски уфрли 5 коша.

Олимпија подобра, седми пораз за МЗТ Скопје

Во 10. коло од АБА лигата, „штрковите" се држеа само едно полувреме, по што домаќинот славеше 69:56. Лучиќ со 17 и Цветковиќ со 13 коша најефикасни кај аеродромци, кои во следното коло го дочекуваат Левски од Софија.

МЗТ Скопје ја победи Игокеа и ја прекина серијата порази

Кошаркарите на македонскиот првак за прв пат сезонава победија на гости во натпревар од АБА лигата, против Игокеа убедливи 76:61. Најзаслужен за триумфот беше Дамјан Стојановски со 20 коша.

Нов пораз на МЗТ во Скопје

Во 8. коло од Јадранската лига, кошаркарите на МЗТ Скопје го загубија и четвртиот натпревар по ред. Металац направи серија 11:0 во последните 2 минути и славеше 58:64.

Не помогна ни Боби Митев, МЗТ Скопје повторно поразен

Тренерската смена не ги размрда кошаркарите на МЗТ Скопје, кои го загубија и петтиот натпревар во АБА лигата. Партизан во Белград беше подобар за 15 коша (65:50). 40-ина членови на Фемили на полувремето влегоа во салата.

Врбица си замина од МЗТ?

Врбица Стефанов не дошол на вчерашниот тренинг на МЗТ, и веќе се знае дека тој повеќе нема да биде тренер на скопскиот клуб.