Кошаркарите на МЗТ Скопје никако сезонава да врзат 3 победи во серија. По триумфите над Игокеа во Јадранот и Струмица во домашното првенство, „металците“ поразени се враќаат од Љубљана. Освен првото водство на почетокот со тројката на Иван Маринковиќ, Скопјани цел натпревар бркаа негатива против Олимпија. Првите 10 минути завршија 18:4. Словенечкиот состав настапи без 4 стандардни првотимци, но тоа не им сметаше на полувремето да водат 31:30.
Поразот во најава беше на стартот од 3. период, кога МЗТ Скопје дури 6 минути не постигна поен и „зелените“ стекнаа 10 поени предност. Марко Мариновиќ, плејот на Олимпија, постигна 9 коша во последните 6 минути и тоа беше почеток на крајот за МЗТ Скопје. На крајот конечни 13 разлика за Олимпија, 69:56.
Најефикасни во составот на Боби Митев беа Урош Лучиќ со 17 и Александар Цветковиќ со 13 коша. Поранешниот тренер на МЗТ, Алеш Пипан, ги имаше расположените Омиќ кој уфрли 14 поени, како и Маринели и Мариновиќ со по 13 коша. По 10 рунди на Јадранот, МЗТ Скопје е претпоследен со само 3 победи и 7 порази. Во следното коло, во Јане Сандански ќе гостува дебитантот во АБА лигата, Левски Софија. Бугарскиот тим е последен на табелата.
ТАБЕЛА АБА ЛИГА:
БУДУЌНОСТ 10 9 1 +106 19
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 9 9 0 +138 18
УНИОН ОЛИМПИЈА 10 6 4 +23 16
ЦЕДЕВИТА 9 6 3 +53 15
КРКА 10 5 5 +29 15
СОЛНОК 10 5 5 -17 15
ПАРТИЗАН 9 5 4 +9 14
МЕГА ЛЕКС 9 5 4 +8 14
МЕТАЛАЦ ВАЉЕВО 9 4 5 -23 13
ЗАДАР 10 3 7 -30 13
МЗТ СКОПЈЕ 10 3 7 -72 13
ЦИБОНА 9 3 6 -7 12
ИГОКЕА 9 2 7 -33 11
ЛЕВСКИ СОФИЈА 9 1 8 -142 10