Од МЗТ ништо не потврдија, ниту негираат, само рекоа дека на гостувањето во Белград, одговорен за екипата ќе биде сегашниот помошник тренер.
„Клубот ќе излезе со официјално соопштение во понеделник. Во моментов е сигурно дека Боби Митев ќе ја предводи екипата против Партизан утре вечер. Во однос на оставката на Стефанов сè уште немаме никаков коментар“, изјави спортскиот директор на МЗТ, Видое Секулоски.
Според Спортмедиа, Врба уште синоќа, незадоволен до последниот пораз, ја активирал својата оставка, а МЗТ се обидува некако да го предомисли. По враќањето од Белград, се очекува дека замена на Стефанов ќе му биде заменик-селекторот на Србија, Мирослав Николиќ.
Стефанов беше промовиран во тренер на МЗТ пред неполн месец месец, а претходно ги водеше младинските категории во клубот како директор и тренер. Врба го водеше клубот на 5 натпревари. Загуби од Цедевита и Крка, победи против Солнок во Јадранската лига, а ги победи Водњански лисици во првенството.
Боби Митев го водеше МЗТ Скопје една полусезона, во пролетта 2009. година кога загуби во финалето на плејофот од Фени Индустри.
На денот на промоцијата на Стефанов во прв тренер на МЗТ, прв со коментар излезе Перо Антиќ, кој го нападна поранешниот соиграч.