Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Контроверзно четвртфинално судење во ЛШ

Првите две четвртфинални средби од ЛШ минаа со еден гол и многу судиски грешки. Марио Манџукиќ не успеа да го убеди судијата дека Рамос му го раскрвави носот, а ниту за намерните удари од Карвахал. Во Торино домаќините победија со непостоечки пенал.

Адебајор клати врата и зема плата

Тогоанецот заработил 3,4 милиони фунти од ноември до денес, а не одиграл ниту еден натпревар како стартер. Пет пати влегувал од клупата и дал само два гола сезонава.

Пит-стоп среќа во несреќа, леташе механичар

На трката во Индикар возачот Дејл Којн при влегувањето во пит-стопот загуби контрола над болидот и го собра шефот на механичарите, Тод Филипс. Среќа сè завршило со мала повреда на ногата.

ПСЖ без Ибра против Барса, баварски десант на Порто

Иако ќе настапи без носителите на играта, Баерн Минхен е фаворит во дуелот со Порто според букмејкерите. Барса гостува во Париз, каде минатиот септември одигра „Плејстешн“ натпревар со 5 голови и загуби 3:2 од ПСЖ. Ибрахимовиќ е суспендиран.

Осврт на седумнаесеттото коло на Бизнис Лигата

На само две кола до влез во Ф8 фазата, екипите влегуваат во посакуваната форма, што може да се види по огромната борба за место во играчи на колото. Ова коло имавме рекорден број на фудбалери кои имаа постигнато повеќе од 4 гола.

Бостон славеше со кош на 0,8 до крајот и го доби Кливленд во плејоф

Бостон Селтикс знаеше дека е во плејофот, а сега ќе размислува само на Кливленд и Леброн Џејмс затоа што „Детелените" синоќа го потврдија седмото место на Истокот. Индијана остана во трка за доигрувањето по триумфот над Вашингтон. 

Јуве минимално против Монако, реми во Мадрид

Словенецот Јан Облак беше играч на дуелот Атлетико - Реал Мадрид и најзаслужен што „Јорганџиите“ и натаму се без пораз од „Кралевите“ сезонава. Со голот на Артуро Видал од пенал, Јуве со минимална предност ќе патува на реваншот.

Градот гори во чест на Твенте

Холандскиот прволигаш годинава слави 50 јубилејни години, навивачите направија спектакл и доколку некој не го знае поводот, ќе поисли дека во Енсхеде има војна.

Фудбалер на Арсенал побрз од Усеин Болт?

Кога во 2009. година Јамајканецот го постави рекордот на 100 метри за 9,58 секунди, кронометарот после 40 метри покажуваше 4,65 секунди. Играчот од средниот ред на Арсенал истрча побрзо 40 метри..

Будуќност и Ларвик патуваат непобедливи во Будимпешта, Динамо се потсеќа на Кометал

ЖРК Вардар на Ф4 го доби еден од двата непобедливи тимови сезонава во ЛШ, Ларвик ја оствари највисоката победа, а Ѓер по пауза од осум години ќе го нема во завршницата. Ракометната Лига на шампиони низ бројки.

Непристојниот Хамилтон во конфликт со Розберг и хостесата

Проблематичниот однос од минатата сезона, пилотите на Мерцедес го продолжија и по трката за ГН на Кина. По триумфот во Кина, Хамилтон ја испрска хостесата со шампањ па сега го критикуваат од сите страни.

Одложете го мечот или ќе ви играме со седум младинци

Челниците на прволигашки клуб од Боливија беа толку убедени дека треба да протестираат и по цена што загубија натпревар кој заврши за 13 минути.

Поубавата страна на навивачките трибини

Навивачките сектори по трибините ширум светот не се гнездо на криминалци, хулигани, насилници, наркомани и пијаници. Секоја трибина има и своја поубава страна.

Аргентинска супер бабичка

Страста кон фудбалот во јужна Америка е од неверојатни размери, но после ова што го видовме, сигурни сме дека за нејзината љубов кон омилениот клуб само небото е граница.

Атлетико тргнува по одмазда, Јувентус по славните денови

11 месеци по големото финале во Лисабон, мадридските ривали повторно ќе се сретнат во Лигата на шампионите. Вечерва е првиот дуел на Висенте Калдерон, а во исто време во Торино ќе војуваат Јуве и Монако.

Будуќност - расадник на талентирани и груби ракометарки

Денешната ждрепка на Универзитетот Мохоли-Наѓ во Будимпешта на Вардар му го донесе апсолутниот шампион на Црна Гора, екипа против која Индира Кастратовиќ и црвено-црните девојки се измачија и лани и сезонава.

ЖРК Вардар доби репризно полуфинале

Македонскиот ракометен шампион го доби најтешкиот противник на денешното извлекување во Будимпешта. За пласман во финале во Лига на шампиони ќе се бори против Будуќност со кој се сретна и лани на Ф4.

Разликата меѓу Мојс и Ван Гал

Манчестер Јунајтед не е повеќе екипа која не можевме да ја најдеме на табела во зоната од каде се патува низ Европа. Тоа најдобро го сетија нивните конкуренти.

Минхенската несреќа предмет на потсмев во Манчестер

„Навивачите“ на Манчестер Сити неретко знаат да претераат, а некои од нив отидоа до таму што се исмеваа со авионската несреќа во Минхен, кога загинаа 23 патници меѓу кои 8 членови на нивниот ривал Манчестер Јунајтед. И тоа пред Олд Трафорд.

Јувентус се потсети кога го збриша Монако

На клупа Липи, во ложа моќните браќа Ањели, а на терен Перуци, Давидс, Дешамп, Изнаги, Такинарди, Јулијано, Песото...На полуфиналето од ЛШ во 1998 Јувентус го елиминираше Монако, откако на домашен терен обезбеди високи 4:1. Шоуто на Деле Алпи во изведба на хет-трикот на Деј Пјеро и голот на Зидан. 

Ди Роуз ќе игра плејоф после три години, Антиќ не настапи

Клеј Томпсон го предводеше Голден Стејт до нов сезонски триумф, а Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок потврди дека игра во одлична форма. Атланта загуби од Њујорк Никс.

На Никола му легна од 40 метри

Растеретен од тоа дека некој го гледа на тв или ќе го седне на клупа ако ја рогне на брдо, играч од четврта австриска лига по име Стар Никола ја прими и потоа си го направи меракот.

Антиќ: Некои медиуми имаат омраза спрема мене

Перо Антиќ го одигра и вториот натпревар по апсењето во Њујорк, а по средбата со Вашингтон во изјава за Гласот на Америка ги искритикува македонските медиуми за кои смета дека не известувале точно за инцидентот.