Будуќност и Ларвик патуваат непобедливи во Будимпешта, Динамо се потсеќа на Кометал

ЖРК Вардар на Ф4 го доби еден од двата непобедливи тимови сезонава во ЛШ, Ларвик ја оствари највисоката победа, а Ѓер по пауза од осум години ќе го нема во завршницата. Ракометната Лига на шампиони низ бројки.

1 – Ларвик е единствениот тим кој победи на сите мечеви.

1 – Динамо Синара е единствениот тим од Ф4 кој загуби на првиот четвртфинален дуел. Поразот им е од Баја Маре 25:23.

1 – Само еден четвртфинален дуел заврши нерешено, а тоа беше реваншот Ѓер – Вардар 27:27.

1 – Катарина Булатовиќ од Будуќност може да биде единствената ракометарка која ќе се закити со трофејот од ЛШ во 2014 и 2015. Лани стана европска шампионска со Ѓер.

2 – Будуќност и Бардар беа и лани дел од Ф4 во Будимпешта. Будуќност го загуби финалето од Ѓер, а Вардарки завршија трети.

2 – Ларвик и Будуќност се двете екипи кој стигнаа без пораз до Будимпешта.

2 – Тие се единствени екипи кои победија и во двата четвртфинални средби.

4 – Е бројот на земји кои имаа претставници во Ф4, а тоа се Норвешка, Русија, Македонија и Црна Гора. Осум различни земји имаа екипи во четвртфинале, 11 во втората групна фаза и 14 во првата.

8 – Пати по ред од 2006/2007 до 2013/2014 Ѓер беше дел од полуфиналињата. За прв пат по 2005/2006 унгарскиот и европски првак е порано елиминиран.

8 – Вкупно 8 натпревари завршија нерешено, 6 во групната фаза и по еден во втора групна фаза и четвртфинале.

12 – Бројот на максимални поени кои во втората групна фаза успеаа да ги освојат Ларвик и Будуќност.

15 – Пред 15 години Динамо Волгоград го играше првото полуфинале во Лига на шампиони. Русите го испуштија финалето за еден гол, а пречката се викаше Кометал Ѓорче Петров. Дома победија 26:22, а во Скопје загубија 23:18.

15 – Различни држави имаат свои ракометарки во годинашните полуфиналисти.

18 – Највисоката победа оваа сезона ја остварија ракометарките на Ларвик кој го совладаа Турингер со 18 поени разлика (36:18).

19 – Средби завршија со 10 или повеќе голови разлика. Девет во групна фаза, осум во втората фаза по групи и две во четвртфинале.

14 април 2015 - 17:26