ПСЖ без Ибра против Барса, баварски десант на Порто

Иако ќе настапи без носителите на играта, Баерн Минхен е фаворит во дуелот со Порто според букмејкерите. Барса гостува во Париз, каде минатиот септември одигра „Плејстешн“ натпревар со 5 голови и загуби 3:2 од ПСЖ. Ибрахимовиќ е суспендиран.

ПСЖ - БАРСЕЛОНА (20:45)

- ПСЖ и Барса ќе се сретнат по трет пат сезонава. Во групната фаза, ПСЖ славеше 3:2 во септември, а подоцна на Ноу Камп Барселона лесно се реваншираше со 3:1.

- Францускиот шампион ќе игра за второ полуфинале во клупската историја. Првото го играше во сезоната 1994/1995 кога испадна од Милан.

 

- ПСЖ нема пораз на 33 европски натпревари на домашен терен (22 победи и 11 нерешени). Последниот пораз 2-4 го доживеаа од Хапоел Тел-Авив во УЕФА купот во ноември 2006. година.

- Сезонава ПСЖ победи на сите три натпревари на домашен терен во групната фаза.

 

- Против шпанските екипи, Париз има 6 победи 4 нерешени и 1 пораз.

- Барселона игра осма рекордна сезона во четврт-финалето од ЛШ. Минатата година испаднаа во полу-финалето од Атлетико Мадрид.

- Каталонците на француско тло имаат 3 победи, 3 нерешени и 3 порази. Барса нема победа во Франција на последните четири гостувања (три нерешени, еден пораз). 

Можни состави:
ПСЖ - Сиригу, Ван дер Вил, Маркињос, Тиаго Силва, Максвел, Рабиот, Кабаје, Матуиди, Лавеци, Кавани, Пасторе.
Отсутни: Ибрахимовиќ, Верати, Орие (суспендирани), Тијаго Мота (повреден).

Барселона: Тер Штеген, Адријано, Пике, Матје, Алба, Ракитиќ, Маскерано, Иниеста, Суарез, Меси, Нејмар.
Отсутни: Алвеш (суспендиран), Вермален (повреден).

ПОРТО - БАЕРН МИНХЕН (20:45)

- Порто ќе игра за прво полуфинале по 11 години кога ја освои Лигата на шампионите со Жозе Мурињо.

- Последно четврт-финале Порто играше во сезоната 2008/2009 кога загуби од Манчестер Јунајтед.

- Сезонава во ЛШ, португалскиот клуб дома победи на четири средби и еднаш ремизираше.

- Во дуелите со реванш против Бундеслигашите, Порто има само 2 пласмани и дури 8 испаѓања од Германците. Сепак, на домашен терен против германски екипи, Порто има 7 победи, 3 нерешени и 3 порази.

- Петкратниот шампион Баерн Минхен ќе игра за четврто последователно полу-финале во ЛШ.

- Во четврт-финалињата, Баерн има дури 16 победи и 9 порази.

- Избраниците на Пеп Гвардиола имаат шест победи на последните 10 гостувања во Лигата на шампионите. Рекордот на гостинска победа го поставија против Рома, 1-7 во Рим.

- Баерн Минхен во Португалија има 5 победи 6 нерешени и ниту еден пораз. Единствениот пораз од португалска екипа, Баварците го доживеала во 1987. година токму од Порто во финалето на Купот на Куп победници.

Можни состави:

Порто - Фабиано, Данило, Маикон, Мартинс Инди, Алекс Сандро, Каземиро, Херера, Оливер Торес, Кварезма, Брахими, Абубакар.

Отсутни: Тело, Маркано (повредени).

Баерн Минхен: Нојер, Рафиња, Боатенг, Данте, Бернат, Чаби Алонсо, Лам, Милер, Алкантара, Геце, Левандовски.

Отсутни: Штарке, Хави Мартинез, Бенатиа, Алаба, Робен, Швајнштајгер, Рибери (сите повредени).

15 април 2015 - 11:11