Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Струмичани играа кошарка во чест на Кочани

Баскет Дино од Кочани и Струмица Ролинг го одиграа последниот натпревар од сезоната во третата македонска лига. На никој не му беше важен резултатот. Целта беше сосема друга.

На ѕверот што го чува Меси му забранија влез на терен, тој се буни

Јасин Чеуко, некогашниот армиски специјалец кој е верна сенка на Лионел Меси откако овој стигна во САД, сега се соочува со голем удар врз себе и својата работа.

Канаѓанец би можел да стане највисок играч во историјата на НБА

Деветнаесет годишниот Оливие Риу неофицијално важи за највисокиот тинејџер на свет. Тој игра кошарка за Универзитетот Флорида. Веќе е толку познат што постојано дава автограми, интервјуа, а со него се фотографираат и околу него се собираат љубопитни минувачи. Висок е 2.36 сантимери.

Фудбалот знае да донесе и вакви автоголови

Ниту можеш да го поништиш, ниту да му замериш на стрелецот. Уникатниот пример се случува во Норвешка.

Леброн Џејмс ала Мутомбо

Ти го мислиш Леброн стар, 40 години е, не може повеќе со младите, а тој ги лепи како никогаш. Хјустон има 4 поени негатива и напад на 10 секунди до крај, во кој мора да поентира ако сака да остане во игра. Погледнете што ги снајде под кош. 

Скриена камера да не е ова?

Одбраната на колото ја имаат фудбалерите на Легија Гдањск на дуелот против Јагелонија. Не е еден, не двајца, туку тројца не знаеа кај тераат.

Што даваат во Норвешка како награда за играч на натпреварот?

Во елитната норвешка лига, не во некоја непозната анонимна лига, на голманот на Брине, Јан Де Бур му дале четири табли јајца како награда за најдобар играч на мечот против Боде Глимт кој завршил 0-1 за гостите.

Најпрепознатливиот судија во НБА глумеше дека заборавил име

Бил Кенеди има 58 години, роден е во Феникс, Аризона.  Со судење во кошарката се занимава уште од раните '90-ти години, а во НБА почнал да суди од сезоната 1995-1996. Има судено дури пет НБА финалиња како и финалето на Светско првенство 2010 и финале на Олимписки Игри 2012. На еден натпревар на Хјустон Рокетс пред неколку дена се направил „на Тошо“ кога требал да го исклучи Дилон Брукс.

Каква е ситуацијата со топ 10 стрелците во Европа?

На врвот не е ниту Халанд, ниту Мбапе, туку Роберт Левандовски. Има 38 гола на 36 години на сите натпреварувања, неверојатно. Кејн и Салах стандарно, а изненадување е и Дембеле кој во ПСЖ гази со 30 гола.

Ривер Плејт ептен модерни на врата

Ни билет, ни документ за идентификација. Со FaceID и пркосат на хартијата.

Грчки рецепт за прием, дриблинг и гол

ПАОК го совлада АЕК на гости со 2:3 и тоа после негатива од 2:0. Пресвртот го најави Јанис Константелиас, кој постигна мајсторски, но истовремено и многу тежок гол во трк, со трите потребни елементи, прием, дриблинг и гол.

Ќе се залетуваш на судија?!

Во 82-ра минута од натпревар во Купот на Перу меѓу Спорт Хуаквиља и Магдалена СЕДЕК, некој незадоволен член од гостинската екипа поради црвен картон кој го добил нивен играч, влетал во терен да се пресмета со судиите. Се залетал кон главниот судија Луис Алегре ама добил контра-удар. И тоа јак.

Дончиќ со дриблинг го извади од патики Турчинот Шенгун

Лос Анџелес Лејкерс продолжија со добри партии откако синоќа со 104:98 го совладаа Хјустон Рокетс во дербито на Западната конференција во НБА.

Се огласи и Шкендија, ги осуди поединците но не и своите навивачи

По големиот и незапаметен скандал пред натпреварот Шкендија - АП Брера кога домашни навивачи свесно и намерно со урлање и свирежи ја омаловажија минутата молк во чест на трагично загинатите млади луѓе во дискотеката во Кочани, Фудбалската федерација на Македонија се згрози од случајот, однесувањето го нарече нечовечко и најави драстични казни.

Навивачите на Шкендија го допреа дното, со свирежи и скандирања ја прекинаа минутата молк за Кочани

Балистите дефинитивно немаат акал. После сите скандали и глупоштии кои ги прават на етничка основа, се истакнаа со нов бесрамен потег. Фудбалерите на Шкендија и Брера застанаа во строј да им оддадат почит на настраданите од дискотеката во Кочани, а тие мртви ладни продолжија да навиваат и пејат за време на минутата молк. Мизерија од потег.

Бесрамна глума на годината

Го гледаме колегата на Миовски, Алехандро Франсес, како и ироничната насмевка на Флик и потоа што да видиме во Унгарија и тоа во прва лига. Неверојатно. Кој од кој побанален. Одиме со двете видеа. Второто е бетер. Се работи за Бразилецот Матеус Салдана од Ференцварош. Како не им е глупо кога ќе гледаат хајлајтс?

Солото на Антони кое покажува зошто е GOAT

На Антони му тргна во Бетис. На 12 меча во сите натпреварувања, има 4 гола и 4 асистенции и е еден од најдобрите поединци во тимот кој се искачи на шеста позиција. Ама уште му вадат душа на Твитер. Си влече тоа корени од „брилијантните“ партии на Олд Трафорд.

Повреден играч на носилки, трета аргентинска лига

Носењето на повредниот играч е само вовед во една необјасниво непотребна лакрдија, која на крај ќе заврши со апсење на еден буцко, кој се обиде да го совлада џандарот. Што ви е бре луѓе?

Ноле, за стотче

Човекот наоѓа мотивација да игра со деца на кои може да им биде татко или има дупло години од нив. Сулудо. А тие, останатите генерации, измеѓу него и децата, не им остана многу. За жал се родиле за време на три тениски дивови. Ај, добро, нека бидат четири. Енди нека не се лути. Сепак, „наш“ е сега. Ќе му прогледаме низ прсти.

Фантастичниот Словенец Превц постави нов светски рекорд!

Неверојатниот Словенец Домен Превц на последното натпреварување од Светскиот Куп постави нов светски рекорд.

5 најлуди коша на Јокиќ од огромна далечина

Кошаркарскиот свет уште е во чудо по неверојатниот кош на Никола Јокиќ на мечот Денвер Нагетс - Јута Џез (129:93) кој ладнокрвно ја фрли топката со една рака од преку половина терен и го постигна можеби најлудиот погодок во неговата НБА кариера. Србинот има 5 такви слични шута во кариерата од огромна далечина.

Лејкерс го доби Мемфис, Дончиќ и Леброн изведоа магични акции

Лос Анџелес Лејкерс со 134:127 го победи Мемфис Гризлис а јунаци на триумфот беа Остин Ривс кој беше најефикасен, како и суперѕвездите Леброн Џејмс и Лука Дончиќ кои направија неколку маестрални потези.

Меси постигна гол па го поздрави Ѓоковиќ со форхенд

Во 5. коло од новата сезона во МЛС лигата во САД, Интер Мајами со 2-1 ја совлада Филаделфија благодарение на голот на Лионел Меси во 57-ма минута. Меси постигна победнички гол а го прослави со замавнување форхенд во знак на поздрав до Новак Ѓоковиќ кого го гледаше во полуфинале на Мастерсот во Мајами а подоцна си разменија и дресови. Новак денес игра финале за нова шампионска титула.