Offside

Македонскиот репрезентативец го одибра најдобриот меч за Глазгов Ренџерс. Постигна хет-трик во 1/16 финалето на Шкотскиот Куп против нисколигашот Анан Атлетик. Миовски даде два комада во првиот дел, во 12 и 32 минута, а во вториот дел стрелаше од пенал. Ренџерс победи 5:0. Бојан Миовски сезонава има 8 гола на сите натпреварувања.

Како француска Лига1 го пецна Роналдо?

Едно две, Кристијано Роналдо ќе оплете по француската или американската лига, испровоциран од новинарски прашања кои така индиректно и неуморно уште го споредуваат со Меси. Пред неколку дена Португалецот на прашања за француска Лига 1 отворено и ладно рекол:

Најк и Португалија џентлменски се разделија со убаво видео

Португалците цели 27 години носеа опрема која им ја произведуваше најголемиот светски производител на спортска опрема Најк. Сега во 2025-та влегуваат со нов ортак. Ќе ги облекува Пума. Се збогуваа со Најк на необичен и интересен начин.

Где је лопта судија?

Њукасл Јунајтед на крајот од 2024-та, кај го суреди Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд за 19 минути со 0:2, па уште и судијата почнаа да го дриблаат. Дуелот е Сандро Тонали vs Сајмон Хупер.

Јануарската трансфер стратегија на Челси

Да сме го имале во школата, да не сме го играле, сме го дале за кикирики и сега нападно го бараме назад кај нас. Да бил во Сити. Да го преплатиме многу и да му дадеме 10-годишен договор. И... И... И....

На Барселона ѝ преседна Нова година

Фудбалскиот клуб Барселона се соочи со она од што се плашеше многу: би можела да загуби 263 милиони евра поради катастрофални пропусти поради кои не може да го регистрира Дани Олмо, стандардниот првотимец.

Мелоун во 1 минута го објаснува феноменот Јокиќ

„Благословени сме веќе 10 години да го гледаме Никола. Малку играчи можат да го прават ова секоја вечер. Другата неверојатна работа е тоа што го прави да изгледа многу лесно. Она што го сакам кај него е и следново. Сте го виделе ли некогаш да слави или да прави нешто лудо? Трипл дабл. Си ја врши работата, а колку е скромен. Имам многу среќа што сум во ова патување 10 сезони со него“.

Пасот на ТАА за кој уште се зборува

Ливерпул го торпедираше Вест Хем 0:5 и ја продолжи неверојатната голгетерска форма сезонава. Први се во Премиер лига и први се во Лига на шампиони. Растураат. Погледнете го овој пас кој Трент Александер-Арнолд му го додаде на Мохамед Салах. Магично:

Што правеше Јокиќ на 1 јануари? Оствари трипл дабл за 21 минута

2024-та година, Никола Јокиќ ја испрати со трипл дабл против Јута Џез. 2025-та ја дочека со трипл дабл против Атланта Хокс. Првиот меч се одигра на 30 декември, вториот на 1 јануари. Другачије и не знае овој човек.

Еврогол од 60 метри во Англија уште на 1 јануари

Англичаните ја запазија традицијата и одиграа еден куп натпревари на првиот ден од новата година. Во Премиер лигата Арсенал го победи Брентфорд на гости 1:3, а во Чемпиошип, Лига 1 и Лига 2 имаше средби. Шефилд Венздеј го совлада Дерби Каунти со 4:2, а забавата за публиката ја направи Џош Виндас.

Групна машка фотографија - заушки мора да летаат

Што друго да има кога група од 20-ина мажи ќе застанат да се сликаат за некоја официјална клупска кампања. Глупирање колку сакаш. Ипсвич за новиот календар за 2025.

Грчко навивачко дерби на женска кошарка

Во Грција веќе повеќе од десетина години има ригорозен закон за спречување на насилство на спортски манифестации. Овој закон забранува и две навивачки групи на исто место (читај забрана за гостувања), па права реткост е кога ќе се види такво нешто на стадион или во сала. Како за време на дербито од женската кошаркарска лига на Грција меѓу Ираклис и Панатинаикос.

Најверната навивачка за 2024

Девојката навива за Расинг Клуб Авељанеда, клуб од истоименото предградие на Буенос Аирес. Фотографии и видео од нејзин приказ на љубовта кон омилениот клуб покажаа што е дефиниција за верност.

Колку време може Шекил О'Нил да пројде неприметен во Торонто?

До првото преминување улица и вртење десно кај што го чека едно: „Кај си бе Шек“?

Одамна некој домашен играч не бил исвиркан така на „Олд Трафорд“

Играч на Манчестер Јунајтед, да бидеме појасни. „Олд Трафорд“ има вековна култура на голема почит кон своите и противнички фудбалери, па секогаш знае да препознае момент за громогласен аплауз, но и за брутални свирежи со какви се соочи Холанѓанецот Џошуа Зиркзе.

Најнеобичниот стадион во светот

Во унгарското село Фелчут има еден парадокс. Се работи за место со 1.688 жители кое има стадион со капацитет од 3.865 седишта. Стадионот го користи Пушкаш академијата, именувана по легендата Ференц Пушкаш и се вика Панчо арена, по неговиот прекар. Три години го има користено трикратниот унгарски шампион Фехервар, додека се реконструирал нивниот стадион. Отворен е во 2014-та и чини нецели 10 милиони евра. Скроз нетипично здание од стадион.

Ако на 29-ти вака се тетеравиш, на први каков ќе бидеш?

Англичаните традиционално стиснаа гас за празнициве, а тоа значи фудбал на Боксинг деј, за викенд, па на први јануари. Снимкава е од неделата од дуелот Блекпул - Бирминген Сити, а проблемот со балансот е на Џејмс Хазбнд, кој да не се лажеме, имаше очигледен обид да изглуми фаул.

Топ 10 моменти од светот на спортот за 2024

Додека светот се збогува полека со 2024-та година која е во заминување а ја поздравува Новата година, да се потсетиме на најинтересните моменти од светот на спортот во изминатава година.

Ако денот по утрото се познава, ќе го биде овој Милан на Консеисао

Португалецот во понеделникот само што стигнал во Милано, веднаш се фатил за работа. Ги завратил ракавите и без многу да мисли на административните работи околу договорот (6 месеци, 1 ипол милион евра со можност за продолжување) се симнал на терен кај момците.

Како изгледа еден обичен ден за натпревар на Бока?

Улиците на Буенос Аирес близу култниот стадион „Ла Бомбонера“ се обоени во жолто-сино а од секаде се слуша ритам на блех музика и мирис на распалени скари.

Бруно Гимараеш во шише го стави Гарначо

Рубен Аморим го забележа и шестиот пораз на клупата на Манчестер Јунајтед по 11 средби и ова им е вкупно деветти во Премиер лигата после 19 кола по кои се 14-та позиција. За прв пат во 45 години губат дома три средби по ред. Погледнете со колку трчање и жар му играше одбрана Бруно на Гарначо во последните 10 минути од мечот. Како сега да почнал мечот. Манчестер Јунајтед - Њукасл 0:2.