Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Mамардашвили бетер од Ноер

Конкуренцијата на Столе Димитриевски на дуелот од Лига на нации меѓу Грузија и Ерменија, не е дека само безцелно го напушти голот. Туку фраерот ја прими и направи асистенција. 

Ред Бул не трпи многу, направи моментална смена на возачи во Формула 1

Младиот 23-годишен Лиам Лосон од Нов Зеланд е вратен назад во вториот тим на Ред Бул Рејсинг Булс каде ќе вози со големиот талент, 18-годишниот Французин Исак Хаџар. Нов партнер на големиот шампион Макс Ферстапен ќе му биде младиот Јапонец Јуки Цунода.

Коментаторот Рашковиќ за МТВ и европската титула на Вардар

Познатото тв лице кое од срце ги пренесуваше натпреварите на РК Вардар во епските шампионски сезони, докторот за ракомет Сретен Рашковиќ, во еден подкаст раскажал зошто МРТ сметала дека немала интерес да ги пренесува натпреварите на македонскиот тогашен шампион во Лига на шампиони.

Преубав гол на нов типичен германски центарфор

Ник Волтемаде е уште еден интересен германски центарфор, уште еден типичен сидраш од тамошната фудбалска школа. Висок е 1.98 сантиметри и со скоро два метри има необично префинета техника со топката. Игра за Германија У-21 за која веќе има 7 гола на 12 средби. Против Шпанија У21 дал 3 гола и заработил интерес од Баерн Минхен.

Битолски фудбалски ѕвезди

Околу 50 играчи од Битола, репрезентативци на Македонија, оставија длабоки траги во македонскиот фудбал. Голем дел од нив со меѓународна кариера во Србија, Грција, Турција, Белгија, Холандија, Шпанија, Германија, Франција...

Лука Дончиќ маестрален, Леброн Џејмс за победа во последна секунда

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Индијана Пејсерс 120:119 со кош на Леброн Џејмс во последна секунда со звукот на сирената. Ветеранот погоди од одбојка и му донесе победа на својот тим кој немаше триумф три меча по ред.

Колку леташе бе сестро?

Абигејл Стрејт е ски скокачка од Канада, има 24 години и еден бронзен олимписки медал. На Твитер вели дека ова и било загревање.

Велемајсторија на Суле, која соиграчите бараа да им ја објасни

Голчиштево не е од сега, ама ние сега го начекавме и мора да го споделиме. Се работи за Матијас Суле од Рома, кој за Аргентина У-23 направи потег за паметење. Малиот е 2003-та роден и допрва ќе прави бељи со топката.

Капитенот на Уругвај земал боца кислород на сред терен во Боливија

Во минатото коло од јужно-американските квалификации, Аргентина го совлада Бразил 4-1 а Уругвај на Марсело Бјелса одигра 0-0 против Боливија на гости. Натпреварот се играл на стадионот „Ел Алто“ во истоимениот град Ел Алто кој е највисок стадион на светот на 4.150 метри надморска висина. Таму во Боливија редовно во квалификациите кога доаѓаат други селекции како Бразил, Аргентина, Перу, Уругвај, Венецуела и други, екипажот носи со себе боци кислород за адаптација на условите.

Финиш за чиста 10-ка

Не го гледајте името на клубот, Јорк Сити, ниту конкуренцијата во која се натпреваруваат, а тоа е петта англиска лига. Туку погледнете го колку мајсторски реагираше пред гол нивниот напаѓач Оли Пирс. Врвно голчиште.

И за такво глупирање има жолт картон, немој да мислиш нема

Синоќа во најдобрата лига на Колумбија на мечот меѓу трофејниот Милионариос и Санта Фе кој домашните го добиле 2:0, нивниот играч Неисиер Виљареал во обид да ги потцени противничките играчи застанал да стои врз топката. Судијата без размислување му дал жолт картон.

Нов врвен трипл-дабл и магична асистенција на Никола Јокиќ

Еден од најдобрите играчи на светот, Никола Јокиќ се врати после 11 дена одмор по незгодните повреди кои ги имаше на зглобот и едното раме и веднаш запиша нов спектакуларен трипл-дабл со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции. Токму една од асистенциите беше врвна.

Упорноста на Лука Дончиќ

Гледајте до крај, односно почекајте пред да речете дека ја претера.

Поранешен соиграч на Пандев од Наполи раскажа како тренирал во Рамадански пости

Алжирецот Фаузи Гулам кој 8 години беше член на италијански Наполи со кого освои два Купа и еден Суперкуп на Италија и играше заедно со нашиот Горан Пандев, за италијански Скај Спорт раскажува со што се соочува еден фудбалер муслиман за време на Рамаданските пости.

Како навивачите на Велс се забавуваа во Скопје?

Дојдоа во голема бројка од околу 2.000, со чартер летови. Пееја, бодреа гласно и ја разубавија атмосферата на Градски. Претходно играа пријателска со нисколигашот ФК Слободен, а организираа и хуманитарна акција за Кочани. Заминаа без дамка. Браво за Велшаните. Знаеа како да уживаат во скопските барови.

Тоше, Андреј од ДНК и Кочани

Време невреме. Вечерва гледав фудбалски натпревар каде фубдалот ми беше во втор план. На теренот фудбалски меч со трилер завршница, во моите мисли Кочани, жртвите, ДНК...

Бунар на сезоната во НБА

Во НБА последниве сезони играат буквално секакви кошаркари и нивото на игра дефинитивно не е како што беше. Кенион Мартин Џуниор, синот на некогашната НБА ведета Кенион Мартин, сега настапува за Јута Џез. Во дебаклот на неговиот тим против Мемфис Гризлис 140:104, Мартин Џуниор имал огромно промашување при еден обид за три поени.

Арена Филип Втори по стапките односно капките на Олд Трафорд

Нашиот најголем и најубав стадион, кој блесна и беше домаќин на едно финале меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед е изграден 1947-ма. Но Северната трибина ја имаме од 2009-та, а не од пред пола век, за да прокиснува. Го ѕирнал ли некој кровот на кое дереџе е или треба ние да алармираме?

Рекордот на Столе Димитриевски кој ќе биде запишан во историјата

Примениот гол од Велс во 96-та минута, освен реми, значи и горчлив крај на најславната голманска низа на Македонија.

Два убави гола во репрезентативните пресметки

Александар Исак (Шведска - Северна Ирска 5:1) и Вацлав Черни (Гибралтар - Чешка 0:4) се издвоија со фини голчиња на синоќешните битки на стариот континент. Првата пријателска, втората квалификациска за Светско.

И во Црна Гора падна гол во 96-та минута

Со таа разлика што Црногорците предводени од Роберт Просинечки, играа против Фарски острови и се мачеа цел натпревар, за на да крај да слават со погодок во последната минута од судиско. Стрелец Едвин Куч. Во групата Л, Црна Гора и Чешка имаат по 6 бода.

Рафиња го доби тоа што го бараше, па налета на аргентинскиот голман Мартинез

Во разговор со легендарниот Ромарио, само 2-3 дена пред големото Суперкласико со Аргентина, Бразилецот Рафиња кој игра фантастична сезона употребил некои неумесни зборови и вулгарно се изразил на прашањето на Ромарио што ќе и направите на репрезентацијата на Аргентина? На крај Аргентинците со 4-1 го демолираа Бразил, а после мечот Рафиња се најде во небрано на преполниот „Монументал“. На цела мака му налета и најголемиот провокатор, голманот Дибу Мартинез.

Емилиано Мартинез си правеше забава на 4:1

Светскиот првак Аргентина и без Лео Меси и Лаутаро Мартинез, го растури Бразил во квалификациите за Светско. Мартинез целосно лабав на гол.