Леброн најави голема и важна вест, па ги изманипулира сите

Леброн Џејмс пред неколку дена најави дека во вторник вечер ќе ја каже „одлуката на сите одлуки“, како што беше насловена фамозната одлука која ја шокираше НБА лигата во 2010-та година кога најави дека преминува во Мајами Хит. Сега сите очекуваа спектакуларна вест и веројатен крај на неговата кариера. Тој да ти го рекламирал пијалакот Хенеси.

Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик рекол дека во клубот немало никаква возбуда и дека сите ја знаеле правата причина за објавата.

„Вие сте идиоти. Сите знаевме дека е реклама, никој не паничеше“, изјавил Редик со насмевка пред новинарите и навивачите.

ЛА Лејкерс ја отвора сезоната во НБА на 22 октомври против Голден Стејт.

8 октомври 2025 - 11:10