Најубавиот погодок на колото во македонска женска лига
Во текот на натпреварот кое требаше да биде дерби на колото во првата женска фудбалска лига на Македонија а кој Љуботен го доби 8-0 против АС од Струга, 16-годишната Меланија Грозданова постигна прекрасен еврогол на кој ѝ завидуваат и машките фудбалери. ЖФК Љуботен после 8 кола е прв на табела без пораз, а Меланија Грозданова која претходно играше во Истатов а сега во ЖФК Љуботен важи за една од најталентираните млади македонски репрезентативки.