Најстариот голман на светот е од Италија и има 82 години

Ламберто Боранга ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот голман кој некогаш чувал гол на некој италијански и општо кој било светски клуб.

Ламберто брани за седмолигашот Тревани кој го ангажирал иако тој не бранел уште од 2019-та година. Дебитирал на мечот против Фолињо а неговиот тим претрпел убедлив пораз од 10:0. Боранга го замениле во текот на натпреварот откако примил пет гола, а неговата замена Маурицио Роси кој е помлад 56 години од него исто примил пет погодоци.

„Направив две грешки но имав три или четири добри одбрани“, рекол 82-годишниот Ламберто Боранга кој кариерата ја почнал во далечната 1961-ва година. Верувале или не имал повеќе од 100 настапи во Серија А, бранел за големи клубови како Фиорентина и Парма а најмногу се прославил во Чезена каде останал дури пет сезони.

Во Парма играл заедно со легендарниот Карло Анчелоти кој тогаш ја почнувал својата фудбалска кариера кога Боранга имал 36 години.

Првпат во спортска пензија заминал во 1993-та година а после тоа неколку пати го враќале на теренот и ги ракавиците.

 

7 октомври 2025 - 16:34